|
||||
ОМД: Северна Македонија не е нашата Татковина! |
ОМД: Северна Македонија не е нашата Татковина! Со евидентно насилие прикриено зад превезот на демократијата, уставните измени предвидени со Преспанскиот Договор со кој Република Северна Македонија се издига врз падот на Република Македонија, остварија дво-третинско мнозинство од 81 глас „за“ во третата финална фаза на 75-тата седница во Собранието на Република Македонија. Додека меѓу-партиското тргување со амнестии, меѓународните притисоци и бескомрпомисното самоволие на власта испорачаа резултат во сечиј интерес освен македонскиот, Обединетата Македонска Дијаспора (ОМД) потсетува дека земја без идентитет, интегритет и суверенитет не подлежи на просперитет, а најмалку не на евро-атлантски. Стојан Николов, Претседавач на ОМД: „Порано или покасно, вистината и правдата ги стигнува оние кои им пркосат. Битката е изгубена, меѓутоа борбата допрва почнува. Имаме должост да ја пренесеме македонската историја и идентитет до идните генерации, како тие би можеле да го повратат она што ние го изгубивме денес. Секогаш Република Македонија, Никогаш Северна!“ Методија А. Колоски, Претседател на ОМД: „Денес е историски ден за Македонија, не поради стапувањето во сила на Преспанскиот Договор, туку поради издвојување на македонскиот народ како единствен народ кој се самоукинал и самоволно се откажал од фундаменталното право на самоопределување“ |