Вторник, 15 Јануари 2019    PDF Печати Е-пошта
Заев и Џафери извршија атентат врз Македонија

alt

Мицкоски: Заев и Џафери извршија атентат врз Македонија

На прашањето дали денeска се случи пуч во Македонија, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во гостувањето во Отворено студио, рече дека Заев и Џафери во суштина извршиле атентат врз Македонија а дека на денешниот ден му претходело она што го обзнани претседателот на Собранието во врска со законот за јазици.

-Вчера гордо на социјалните мрежи Талат Џафери заедно со луѓето кои се дел од ДУИ и се функционери во Владата на своите ФБ профили на социјалните медиуми објавувајќи знаме на соседна држава го славеа она што го направи претседателот на Собранието. Противуставното потпишување на закнот за јазици, денеска доби продложение, кога директорот на Службен весник го објави указот. Со тоа пред себе си создадоа алиби дека законот е во употреба и правосилен, вели Мицкоски.

Мицкоски рече и дека до одреден период тактизираа, лажеа, создаваа алиби за уценетите пратеници се со цел, како што рече да заврши еден друг процес.

-Кога заврши тој процес, на ред дојде она што се случи во петокот, а сега со денешниот ден го довршија атентатот врз Македонија, рече Мицкоски.

За тоа кој е виновен и кои се главните актери за извршување на атентатот, Мицкоски вели дека првата улога ја има Заев кој се одмара во сауни во скапи хотели платени со пари од граѓаните, кои чинат и до милион денари, според написите на медиумите, рече тој.

-Своја улога имаат и Талат Џафери и младото момче од Службениот весник. Но треба да знаат дека она што го прават е кривично дело, рече Мицкоски и потсети дека ќе поднесат кривични пријави како и проверка на уставноста на законот пред Уставен суд.

 

На прво место

News image

Не го прави тоа што несакаш тебе да ти го направат!

Унија на Ветерани на ВМРО-ДПМНЕ Остро го осудува вандалското однесување на мала група хулигани ког...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.