|
||||
Бараме веднаш предвремени избори |
Јанушев
Бараме веднаш предвремени избори и во никој случај нема да ги бојкотираме претседателските избориВо вечерашната Емисија „Отворено“ на Телма генералниот секретар на ВМРО ДПМНЕ Игор Јанушев кажа дека ВМРО ДПМНЕ веднаш бара предвремени избори и распуштање на собранието. Тој потенцираше дека идните чекори на дејствување ВМРО ДПМНЕ ќе ги објави по одговорот кој што ќе го добијат од СДСМ но истакна дека во никој случај ВМРО ДПМНЕ нема да ги бојкотира претседателските избори. Јанушев рече дека партијата е спремна за избори и дека без разлика дали ќе се оди само на претседателски или ќе има и предвремени ВМРО ДПМНЕ ќе ги добие изборите. |