|
||||
СЛОБОДАРСКА МАКЕДОНИЈА - ЖРТВА НА СОВРЕМЕНИОТ ФАШИЗАМ |
М-р Мартин Треневски, поранешен министер и амбасадор СЛОБОДАРСКА МАКЕДОНИЈА - ЖРТВА НА СОВРЕМЕНИОТ ФАШИЗАМ Слободарска Македонија, која е една од малкуте земји кои сами се ослободија од фашизмот во Втората светска војна (во македонскиот случај од бугарскиот и италијанскиот фашизам), сега - 75 години од завршувањето на Втората светска војна и 28 години од осамостојувањето и прогласувањето на независноста и самата - во мир, постана жртва на /нео/фашизмот. Не по своја вина, Македонија е жртвувана од фашизоидната идеја и практика што ја практикуваат "најголемата демократија на светот" - САД, подржана од соросоидната/фашизоидна номенклатура што преовладува во Брисел и егзекутирана од домашните квислинзи предводени од фирерот Зоран Заев. Фашизмот како теорија и практика, според пишувањето на водечките енциклопедии во светот, не е нешто ново. Како зачетоци на фашизмот се смета системот на владеење во древна Спарта, а како реалност го има и ден денес, вклучувајки ја и мрачната политичка реалност надвисната над Македонија. Омилена форма на владеење на таканаречениот и самофалениот демократски запад е токму фашизмот, конкретно воспоставување на диктатури со комплетна контрола на власта на една личност и партија или коалиција и тоа, се разбира, по нивен вкус и волја. Добар доказ дека демократскиот запад (?) милува и силно го подржува фашизмот е на пример податокот дека по завршувањето на Втората светска војна западот, а особено САД започнаа невидена потрага по водечки фашистички команданти - германски, граински, усташки, четнички и други фашистички офицери, но и пониски рангови и тоа пред се со идеја: како искусни војници да ги користат за евентуална војна против довчерашните сојузници токму поротив наци/фашизмот - Источниот блок предводен од Советскиот Сојуз. Како своевидем куриозитет може да се спомене и податокот дека одреден број нацистички генерали кои му служеа на она чудовиште Адоф Хитлер подоцна беа ангажирани и како воени команданти во НАТО. Да се крстиш и да не веруваш!!! На демократскиот (?) запад во тие поствоени години не му пречеа злосторствата што ги починија Артуковиќ, Клаус Барби и други многубројни злосторници. напротив! Си ги прибраа како најсвои, најголем дел од нив ги преименуваа и им дадоа нов идентитет (на пример фашистичките офицери што ги праќаа во далечна Австралија) и тоа со објаснение: да им се најдат - ако затреба. Зошто тврдам дека Република Македонија е жртва на современиот (неофашизмот) на ХXIот век!? Кому му згреши и со што згреши Република Македонија за така брутално и бескрупулозно да се разнебитува, однародува и по сите општествени пори да се уништува и тоа, како што рековме, според сценариото на нашиот (на хартија, но не според однесувањето) стратегиски партнер отаде барата? Одговорот е многу едноставен: Пред се, нашиот стратегиски партнер нема никакви скрупули кога се во прашање остварување на нивните интереси кои вообичаено ги лансираат под обландата наречена "безбедносни прашања" /security issues/. Само методите им се посовремени: Наместо да одат со тенкови, како што го соборија Салвадор Аљенде (се разбира тој им беше "безбедносен проблем"), сега применуваат пософистицирани методи, како на пример масовни нелегални прислушкувања, а сознанијата од тие андерграунд операции ги користат за уценување, или туркање на легално избрани влади, како што беше случајот со Македонија. До кој степен беше бескрупулозноста на неофашизтичката и тоталистичка доктрина и пракса применета во случајот со Македонија мислам дека ке биде изучуван како пример насекаде шитум светот. Сценариото беше подготвено и неговата реализација започна многу бргу по самитот на НАТО во Букурешт во 2008. Да се потсетиме на онаа фамозна дама Викторија Нуланд која непосредно по тој настан допатува во Скопје и јавно започна да наредува: "Проблемот со името мора итно да се реши! Ако не за неколку дена, тогаш за неколку недели". Токму тука лежи зајакоот - во проблемот со нашето уставно име. На стратегискиот партнер не му беше важно, на пример, прашањето за генезата на проблемот со името на нашата татковина, т.е. кога и како искрсна тој проблем. За нив беше најбитно тој проблем да се елиминира и тоа не според правото и правдата, туку на сила, без разлика на цената што треба да ја плати македонскиот народ како послаба страна во случајот, бидејки страната што го предизвика тој проблем - Грција, е со многу појаки позиции (испикана е во бројни меѓународни асоцијации каде Македонија настојува да влезе, а не може заради грчките блокади и заради многу други компаративни предности). Вреди да се псомене дека Американците слична афера со илегални снимања на телефони и направија и на Германија каде агенцијата ЕнЕсЕј снимала буквално секого кој нешто значи во грерманската политика - министри, лидери на опозиција, па дури и двата лични телефони на канцеларката Меркел. Но таму аферата заврши со џентлменски укор и на тоа остана, а не со туркање на германската влада! А кај нас? Илегално снимените телефонски разговори се употребија не како сознанија за одредни дејствија, туку како докази за на суд што не е случај виден во светски размени. Впрочем, од сознанијата за целата афера што ни се случува, што сепак допираат од одредени извори се наметна заклучокот дека примарна цел на прислушкувањето телефонски аразговори била: да се најде лице кој ке им одработи на стратегиските сојузници за промена на името на нашата држжава, а и други "попатни услоги", како на пример промена на уставот, воведување двојазничност, наметнување на платформата на ЦИА што некои ја нарекуваат "Тиранска платформа" и којзнае уште што ке не снајде!? Дека ова зло што ни се случува не е некој стихиен процес, туку прецизно планирана операција да се потсетиме и на податокот што во екот на презентациите на таканаречените бомби во еден портал беше објавен податок /со голема сигурност од полициски извори/, дека Зоран Заев 17 пати пешки го преминувал граничниот премин Дојран - Дојрани за утредента со кола да го вратат на преминот Богородица, кај Гевгелија. Кај одел Зоран Заев и со кого се дружел во соседна Грција? Можеме само да претпоставиме дека одел на консултации и подготовка за нешто што треба да одработи, а што ни го приредува од кога го усполичија на власт токму тие - стратегиските партнери, подржани од соросоидниот Брисел. |