|
||||
Тие го сменија името Македонија. Го сменија и македонскиот идентитет |
Христијан Мицкоски,Претседател на ВМРО-ДПМНЕНародот да одлучи дали е за понижена Северна Македонија или за напредна и успешна Република МакедонијаТие го сменија името Македонија. Го сменија и македонскиот идентитет. Ги предадоа македонската култура, традиција, спорт и образование. Тажно, мачно и црно е денес во Македонија. Го понижуваат народот. Ги осиромашуваат граѓаните. Ги омаловажуваат хероите. Го менуваат карактерот на македонската држава. Тажно, мачно и црно е денес во Македонија. Денес по водство на Заев, Македонија е поделена, поранлива и послаба. Затоа потребни се предвремени парламентарни избори. Избори на кои вие, народот ќе одлучите дали сте за понижена Северна Македонија или пак сте за напредна и успешна Република Македонија. Избори на кои ќе ги победиме црнилата. Избори со кои ќе ја донесеме зората. Ова е борба на нашата генерација и затоа изгреј зоро на слободата. Избори за Република Македонија. |