Среда, 16 Јануари 2019    PDF Печати Е-пошта
Промената на името и идентитетот ние не го признаваме, не го поддржуваме и никогаш нема да прифатиме
alt
Јанушев: Промената на името и идентитетот ние не го признаваме, не го поддржуваме и никогаш нема да го прифатиме

Денеска сум во посета на Струга, како дел од подготовките за конвенцијата за избор на кандидат за претседател од ВМРО-ДПМНЕ за претседателските избори коишто ќе ги имаме оваа година. Притоа оваа посета нормално ја искористив и да се сретнам со раководството на општинскиот комитет на Струга на ВМРО-ДПМНЕ, да поразговараме за актуелните политички теми секако и за проблемите коишто ги тиштат граѓаните на Струга и на целиот овој регион.

Исто така би сакал да напоменам во оваа прилика уште еднаш за се она што се случува во државата во изминатиот период за насилната, криминална и нелигитимна промена на името и идентитетот на државата за последните случувања, исто така коишто се однесуваат на противуставната и противзаконската промена односно донесување и објавување на Законот за јазиците и како сето тоа се користи во еднодневна политичка игра од страна на Заев, СДСМ и ДУИ, односно од страна на власта.

Како што знаете ВМРО-ДПМНЕ цврсто останува на своите ставови. Промената на името и идентитетот ние не го признаваме, не го поддржуваме и никогаш нема да го прифатиме.

Од друга страна ќе ги преземеме сите правни механизми во однос на законот за јазиците и како што веќе најавивме ќе поднесеме кривични пријави за Талат Џафери и директорот на Службен весник, меѓутоа исто така ќе поднесеме иницијатива до Уставниот Суд за преиспитување на уставноста на истиот закон.

Исто така би сакал да напоменам уште неколку работи што веќе последнава недела и те како се актуелни во Македонија, односно повторно би го актуелизирал прашањето односно нашето барање за предвремени парламентарни избори. Доколку навистина мислат на Република Македонија и на граѓаните на Република Македонија, тогаш уште еднаш ги повикуваме да излезат на предвремени парламентарни избори заедно со претседателските избори и конечно да ставиме крај на оваа агонија во којашто живееме во последните две години.

Во неколку случаи во последниов период вклучувајќи го и референдумот од 30 септември, не ја послушаа волјата на народот, целосно игнорирајќи ја и потценувајќи го македонскиот народ и сите коишто живеат во Република Македонија, затоа ги повикуваме на избори уште еднаш да се соочат со народот од таму сме сигурни дека ВМРО-ДПМНЕ ќе победи и Зоран Заев и сите од владејачката коалиција ќе ги пратиме во политичка пензија.

 

На прво место

News image

Не го прави тоа што несакаш тебе да ти го направат!

Унија на Ветерани на ВМРО-ДПМНЕ Остро го осудува вандалското однесување на мала група хулигани ког...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.