|
||||
Веднаш и без одложување распуштање на Собранието |
Мицкоски
Веднаш и без одложување распуштање на Собранието, организирање на предвремени парламентарни избори согласно законите заедно со претседателските избори во Република МакедонијаДенеска имавме состанок со политичките партии односно со претставниците на политичките партии, лидерите на политичките партии кои што се дел од Коалицијата „За подобра Македонија“, која што ја предводи ВМРО-ДПМНЕ. Разговаравме околу актуелната политичка и економска состојба во Република Македонија, генерално донесовме заклучоци кои што произлегоа од опсежната и темелна дебата во рамките на состанокот. Прво би се задржал на оној процес на уставните измени кои што се случија во текот на минатата недела, во петокот. Членовите на Коалицијата „За подобра Македонија“, односно претставниците на политичките партии кои што се дел од Коалицијата „За подобра Македонија“ го осудија чинот на уцени, на закани, на притисоци, на тргување со правото и правдината и се со цел остварување на политички цели кои што македонската јавност но и сите ние бевме сведоци што се случуваше изминатиот период. Практично, целосно делигитимирање на правната држава, Македонија е практично држава каде што веќе немаме владеење на правото. Односно целосна спрега меѓу политичките партии, владата, судскиот систем и органите на државата, а се со цел реализирање на политички цели. Така што претставниците на политичките партии кои што се дел од Коалицијата „За подобра Македонија“ го осудија сето ова и навистина изразија чин на згрозување на сето она што се случуваше изминатиот период во Република Македонија. Со цел да не се повтори истото. Исто така загриженоста беше изразена и во делот на оние законски измени, а кои што се однесуваат на Законот за двојазичност, оној чин каде што на еден полушверцерски начин во доцните вечерни часови беше потпишан указот без потпис на Претседателот на државата и истиот следниот ден веќе беше однесен во „Службен весник“ каде што Директорот нели противправно без потпис на Претседателот го објави во „Службен весник“. И тука уште еднашка би сакал да потсетам, а од страна на претставниците на политичките партии кои што се дел од Коалицијата „За подобра Македонија“ изразија поддршка и согласност тоа што ВМРО-ДПМНЕ претходно го кажа дека е извршен атентат практично на Република Македонија. И изразија поддршка во намерата на ВМРО-ДПМНЕ да се поднесат кривични пријави против сторителите на ова противуставно, противзаконско и противделовничко практично дејствување од страна на парламентарното мнозинство на Зоран Заев и Талат Џафери. Но исто така изразија и поддршка за поднесување на претставка до Уставниот суд за оценување на уставноста на овој закон.
Третиот сегмент кој што исто така беше разговаран денеска е лошата актуелна и политичка состојба во државата, односно отсуството на реформи оној блеферски настап на премиерот ден после донесување на уставните измени во саботата ден пред практично да замине на зимување каде што повторно видовме во најава пусти желби и блефирање од страна на премиерот кои што се далеку од реалноста, и далеку од можностите и на оваа влада но и далеку од капацитетите на луѓето кои што соработуваат со Зоран Заев. И како четврто исто така, а резултат претходно на кажаното Коалицијата „За подобра Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ ја реафирмира и инсистира на организирање на предвремени парламентарни избори заедно со претседателските избори бидејќи на тој начин граѓаните повторно ќе кажам тука не станува збор за власт, тука не станува збор за функции, тука не станува збор за политички кариери едноставно граѓаните да одлучат дали се „ЗА“ понижена и омаловажена Северна Македонија или се „ЗА“ горда и достоинствена Република Македонија. Така што еве на крај би заклучил како четврта точка за која што се сложија претставниците на политичките партии кои што се дел од Коалицијата „За подобра Македонија“ е веднаш и без одложување распуштање на Собранието, организирање на предвремени парламентарни избори согласно законите заедно со претседателските избори во Република Македонија. |