|
||||
НЕСМЕ ОВЦИ ЖБОГАРЕ |
Сотир Гроздановски-Македонски ПАК НИ СЕ ВРАТИ КОМШИЈАТА ЖБОГАР Навистина "европејциве" се упорни! Со сила сакаат да не "усреќат"! Но, со сила убавина не бидува, господине Жбогар. Прво треба да си ја знаете својата сопствена историја, господине Жбогар, па после да се радувате со несреќата на Република Македонија! А, нејзиното разнебитување да ви чини посебно задоволство и успех за чудење и величање на "мудроста" на Зоран Заев. Ако сте љубоморни на Република Македонија што има такво лидерство, кое ја продава својата сопствена држава и му го поништува идентитетот на својот сопствен народ, можете слободно да си го земете, па видете му го аирот. За кратко време ќе ви го реши проблемот кој си го имате со Хрватска околу Савудрија. И не само Савудрија, тој под хитно ќе ви ја суреди и вашата ДЕЖЕЛА. Ќе му ја продаде на Австрија, дури да трепнете со очите. Што се однесува, пак, до Савудрија, тоа е едно јадранско мочуриште во кое не може ни куче да се удави, а словенечкото лидерство за малку не започна војна со својот хрватски сосед. И вие зборувате за некое лидерство кое го решило проблемот помеѓу Грција и Македонија и претставувал пример за Европа како се решаваат проблемите кога се има волја? Да! Дури крастата не ви ја нападне и вашата кожа! Господине Жбогар! Вашиот табиет може да се спореди со табиетот на Грција. И едните и другите, барате нешто што не е ваше! Па затоа лесното решение на спорот со Грција ви се гледа како добра работа, а отпорот на Хрватска не ви одговара. Зошто не наидовте на лидер, налик на нашиот Заев! Македонија никогаш не била под грчка доминација! Македонија била од секогаш монархија, а Грција никогаш не постоела. Верувам дека тоа го знаете! Ако не сте го знаеле, отворете го Интернет, или одете во Ватикан или било која поголема светска библиотека, таму ќе ја најдете вистината. Затоа баталете ја историјата која сте ја изучувале во вашите училишта. Ви гарантирам, дека е чист фалсификат! Отворете ја Библијата, верувам дека сте верник - католик, и пронајдете го името на државата за чии интереси работите (Грција), во спрега со Зоран Заев! Па потоа пробајте да го најдете името на земјата, (Македонија), чие име сакате да нестане од списокот на цивилизираните народи во светот. Таму, за чудо, ја нема Грција, а за сигурно, нема да го најдете ниту името на вашата држава, Словенија. Зошто и таа не постоела, господине Жбогар! Тогаш, зошто упорно настојувате да ги задоволите грчките барања? Од кога словенскиот народ бил поблизок до грчкиот и нивната држава во 1832 година креирана, од ништо? Имате ли совест и доволно познавање на македонската и грчката историја, та толку упорно работите против националните интереси на Македонците? Ако ние имаме проблем со нашиот изрод и национален велепредавник Зоран Заев, мораме ли и вас да ве поднесуваме како изрод и предавник на словенечкиот народ?ÂÂ Зарем Грција вие толку блиска та така лесно ги заборавате тесните и историски врски помеѓу нашите две пријателски земји? Зарем затоа сте дошле во Македонија? - да работите против нас? Не ли вие срам што го јадете македонскиот леб, а не ја удостојувате земјата со нејзиното историско, исконско име, МАКЕДОНИЈА? Зошто не си ја земете како позитивен пример хрватската пратеничка во европскиот Парламент Мaријана Петир, наместо хрватскиот пратеник од СДП, другарот Тонино Пицула? За разлика од Вас и другарот Тонино Пицула, госпоѓата Маријана Петир котира многу повисоко кај македонскиот народ. Вие сте најобични кариеристи и профитери со чинење зла на Славјанскиот род. Таа е вистински адвокат и борец за правата на малите народи, кои немаат моќ сами да се изборат во центарот на Европската Унија, Брисел! Маријана Петир, како Давид против Голијат, во европскиот Парламент се бори и за правата на македонскиот народ. Се бори за неговото право на влез во Европската Унија и НАТО, но не условено со обезличување и губење на идентитетот. Таа е против уценувањето на Република Македонија од страна на врвните лидери на Европската Унија и НАТО во полза на Грција. Барањата за целокупното историско и културно наследство на древната македонска држава да и' припадне на Грција, ги смета за најобична кражба, втемелена врз лаги и историски фалсификати и не вистини. Каде спаѓате вие господине амбасадоре во овј контекст? Без сомневање, таму, каде се и вашите газди, кои ве плаќаат да ги исполнувате нивните злосторнички планови! Вашата улога, како европски пратеник во Република Макединија би требала да биде давање совети и упатства како поскоро и по достоинствено државата и македонскиот народ да му се придружи на европската заедница на народите, а не поттикнување на македонските корумпирани политичари и други криминалци како полесно да ја дестабилизираат нашата татковина и го разнебитат македонскиот народ. Срам да ви е, господине Самуел Жбогар. Вие не го заслужувате гостопримството на мојот народ, македонскиот! Го јадете неговиот леб, а не му го знаете неговото крстено име. Го идентификувате со "вашиот народ", "вашата земја" или сега како "северно македонци"! Ако не сте знаеле, на овие простори немало други Македонци, освен Македонците! Исто така, како што и Славјаните во вашето Кнежевство Карантанија, создадено тек во 10-тиот век од Баварците и подоцна поделено од Ото Првиот на две парчиња: Карантанија и Корушка, како шесто војводство на Папската држава. Ете каде ви е вашиот корен. Плиток, како и вашите историски сознанија! Сигурен сум дека, од кога ќе ви престане вашата слугинска работа, во очите и душите на Македонците ќе бидете запаметени како наш најголем, после Зоран Заев, непријател, од кој и словенечкиот народ ќе се дистанцира и ќе ве презира. Ќе ве презираат и идните словенечки генерации и кога одамна ќе ја снема Европската Унија, заедно со такви како вас! Ќе бидете исто како поранешниот генерален секрета на НАТО, англискиот Лорд Робертсон, кога му се извинуваше на македонскиот народ за својата непријателска политика спрема Република Македонија, фрлајќи ја вината врз неговите повисоки газди за се' што сторил, по "нивна наредба". Има уште море вакви и други прашања на кои би требало да им одговорите на Македонците. Се разбира, до колку имате доблес и добро сте потковани за таква работа. Ако можете да ни одговорите само на едно "лесно" прашање, ние Македонците, ќе ви благодариме од срце и ќе ве почитуваме! Ние го знаеме одговорот, ама дали вие го знаете? ЗОШТО ГРЦИЈА ИНСИСТИРА НА НЕШТО ЗА ШТО ДОБРО ЗНАЕТЕ И ВИЕ ДЕКА НЕ Е ВИСТИНА, А СЕПАК СТЕ НА НЕЈЗИНА СТРАНА? Македонија никогаш не била грчка; македонските владари биле секогаш победници и затоа биле хегемони над скоро сите грчки градови - државички; кај Херонеја и на многу други места се бореле и гинеле не "браќа", ами крвни непријатели; грчката историја е докажан фалсификат од самите фалсификатори; врз сите историски, археолошки и други докази, наследството на македонските владари, заклучно со она на Филип и Александар Македонски, му припаѓа само на Македонците! Е сега, ако за сите овие наведени прашања би можеле да ги разбереме Грците, и нивната длабока алчност, кукавичлук и нечесност, како да ги разбереме вашите европски газди со нивните високо морални, "европски" вредности и другите западни "демократски" стратешки партнери? Ајде, господине Жбогар, објаснете ни ги причините за нашето самоуништување со менување на македонскиот Устав и обезличување на Република Македонија. Создавање некоја си нова и најмлада држава во светот, под име Северна Македонија. И сето тоа, како услов за влез во организации, кои се непријателски настроени кон Македонците. Има ли некоја полза вашата Европа, НАТО и такви како Вас од уништувањето на еден исконски народ? Имате ли вие, можеби некоја лична корист од нестанувањето на Македонците и одземањето на неговиот идентитет, кој е светиња за секого и секоја држава? Велите, ние би требало да бидеме пример за сите во Европа и во светот! Па ние сме со векови пример со нашата чесност, цивилизираност и мирољубивост, и ако опколени со злосторници и криминалци, алчни за туѓи територии и богатства, кои не им припаѓаат. Па тоа е и причината што имаме проблеми со народи и поединци како вас! Зарем насилното самоуништување на народот и државата во полза на соседите е добро лидерство? Зарем предавството на својата сопствена држава за влегување во некои си меѓународни организации како ЕУ или НАТО е лидерство за пример? Зарем не' почитувањето на волјата на својот сопствен народ го сметате за лидерство, по вашите критериуми? Не, господине Жбогар! Тоа е барбарство и примитивизам, за секоја осуда! ************ Во едно интервју за телевизија "Телма", евроамбасадоре Самуел Жбогар, оценувате дека "Договорот од Преспа е поттик за целиот регион и пример за Европа дека колку постои вистинско лидерство, тогаш постои и решение за секој проблем". Пренесува "Нова Македонија" од 16 јануари 2019 година. "За да се реши проблемот кој постоеше и кој траеше толку многу години, потребна Ви е голема одлучност, многу посветеност, потребно Ви е лидерство. И тоа лидерство го видовме и на двете страни кога се потпиша Договорот минатата година. Затоа верувам дека грчкиот премиер ќе го доведе Договорот до крај, како што и беше случајот тука. Договорот од Преспа е Win-Win ситуација за многу работи. Прво, го решава проблемот меѓу двете земји. Го претвора вашиот сосед во партнер и пријател. Го отвора патот кон евроатланските интеграции за вашата земја. Поттик е за целиот регион дека проблемите може да се решаваат, но исто така и лекција за Европа дека постои решение за секој проблем, ако имате вистинско лидерство!" Вели Жбогар! "Јас го видов притисокот како доаѓа одвнатре, дека конечно се прават промени, дека се помрднувате поблиску до ЕУ, иако бевте закочени со овој проблем. Јас таму го видов проблемот, одвнатре. Ние обезбедивме само охрабрување до лидерите од двете страни да одат напред, обидувајќи се да најдат решение. Решението беше пронајдено единствено меѓу двајцата премиери со помош на медијаторот од ОН", истакна Жбогар! Тој вели, дека мора да се продолжи со реформите и до јуни, кога министрите за ЕУ ќе одлучуваат, да се покаже дека се направени реформи и дека има промени. ************** Господине Самуел Жбогар! Македонскиот народ на 30 септември 2018 година одлучно Ви рече со големо НЕ дека не сака никаков влез во вашите непријателски организации, до колку е условен со прифаќањето на Договорот со Грција. Вашето не цивилизирано однесување спрема еден народ со исконски корени, подлабоки од било кои врз кои се потпираат сите ваши членки, е навреда која неможе да се прифати. Северна Македонија со безимен народ, не е опција за Македонците, ма било што, вие и вашите работодавци се обиделе да преземете. Сме биле под неколку такви империи како ЕУ, но Македонскиот народ преживеал. И овој пат ќе преживее и нема да дозволи некои да му ја свитка кичмата, а уште помалку да му гази по неговото достоинство! НАШАТА ДРЖАВА СИ ИМА ДОЛГОВЕЧНО ИМЕ: МАКЕДОНИЈА, ГОСПОДИНЕ ЖБОГАР, А НИЕ СМЕ МАКЕДОНЦИ! Ако не сте знаеле! СО ГАЗЕЊЕ НА СИТЕ МЕЃУНАРОДНИ ПРАВНИ АКТИ И РАЗНЕБИТУВАЊЕ НА ЦЕЛИ НАРОДИ ЗАЕДНО СО НИВНИТЕ ДРЖАВИ, НЕ СЕ СОЗДАВА ПОАРЕН И ПО ПРАВЕДЕН СВЕТ, ВО КОЈ ЌЕ ВЛАДЕЕ ПРАВОТО И ПРАВДАТА! За секогаш, Ваш Сотир! |