|
||||
Ветуваа плата од 500 евра, а граѓаните добија ветување дека Заев ќе носел железни опинци |
Во СДСМ владее хаос и страв од соочување со народотВо СДСМ владее хаос и страв од соочување со народот.СДСМ се плаши од предвремени парламентарни избори бидејќи за овие 2 ипол години ништо не направи. Доколку СДСМ има дилеми околу одлуката на Извршниот и Централниот комитет на ВМРО ДПМНЕ, нека ја поддржи и нека излезе на избори. Така Заев ќе спречи понатаму да се бламира портпаролот Костадинов повикувајќи се на дезинформации. Вистината за СДСМ е болна и заради неа Заев бега од избори. Економијата стагнира, пензиите не растат, реформи во образование нема, а во здравство владее хаос. Ветуваа плата од 500 евра, а граѓаните добија ветување дека Заев ќе носел железни опинци. Ветуваа 600 километри патишта, а не можат да ги завршат ниту започнатите од време не ВМРО-ДПМНЕ. Време е граѓаните да го тргнат црнилото, за да изгрее зора над Република Македонија. ВМРО-ДПМНЕ |