Понеделник, 28 Јануари 2019    PDF Печати Е-пошта
Триесетина професори со повик до јавноста да ја поддржат Гордана Силјановска за Претседател на РМ
Триесетина професори со повик до јавноста да ја поддржат кандидатурата на Гордана Силјановска за претседател на државата

Триесетина професори со повик до јавноста да ја поддржат кандидатурата на Гордана Силјановска за претседател на државата

Триесетина професори упатија повик до јавноста да ја поддржат кандидатурата на универзитетската професорка Гордана Силјановска Давкова за претседателка на Македонија. Според нив, сега не е време за нормален политички натпревар и како единствена рационална алтернатива се наметнува обединувањето зад личност, зад кандидат кој со сиот свој животен и академски хабитус, морал и интегритет, се издигнал над ситните меѓупартиски и меѓуетнички ривалитети. Меѓу потписниците се академик Катица Ќулавкова, Наде Проева, Каролина Ристова – Астеруд и други.

Таква надпартиска личност, сметаат професорите, е Гордана Силјановска-Давкова, професорката на Правниот факултет во Скопје.

Како никогаш порано, во најтешките моменти на поновата национална и политичка историја, на Македонија ѝ е итно потребен здружен опозициски блок, кој ќе ги обедини сите граѓански и интелектуални капацитети. Со оглед на состојбата, ова ќе биде работа на повеќе генерации, но првиот предизвик со кој треба да се соочиме на политички план се претседателските избори. Станува збор за навидум помалку важна институција во парламентарен систем, но историскиот миг ја прави повеќе од значајна. Во услови на нарушени контролни механизми, дерогација на поделбата на власта и на системот на „кочници и рамнотежа“, во ситуација кога ставот на граѓаните изразен на референдум беше безобразно заобиколен, институцијата Претседател на Републиката е последниот, или поточно првиот, браник на уставните вредности.

Ова не е време за нормален политички натпревар, особено поради основаните сомнежи дека власта не е подготвена да организира фер и чесни избори. Затоа, како единствена рационална алтернатива се наметнува обединувањето зад личност, зад кандидат кој со сиот свој животен и академски хабитус, морал и интегритет, се издигнал над ситните меѓупартиски и меѓуетнички ривалитети.

Таква надпартиска личност е професорката на Правниот факултет во Скопје, Гордана Силјановска-Давкова. Во нејзината личност и јавно дејствување се препознаваме без оглед на политичка, верска, етничка или социјална припадност.

Свесни дека учеството во политички натпревар во вакви околности бара голема саможртва, особено при окториран устав и изменето име, ние, долупотпишаните, јавно ја повикуваме Гордана Силјановска-Давкова да размисли за можноста да се појави како кандидат на претстојните избори.

Се надеваме овој апел ќе стаса и до најголемата опозициска партија во Собранието, со цел да создаде поширока општествена синергија и да застане зад нашиот предлог. Во овој момент ни е потребен претседател кој нема да спроведува нечија партиска политика, туку ќе биде гласот на разумот, правото, Уставот и совест на граѓаните.

За првпат во политичката историја на Македонија имате можност да поддржите личност, на која ќе ѝ верувате дека ќе биде гласен коректор и морален авторитет во петгодишен период на тешки искушенија за земјата и дома и на меѓународен план.

Доколку ја испуштиме оваа шанса да излеземе сплотени околу една исклучителна личност, ова можат да бидат и последните непосредни избори за претседател на Републиката.

Не се сомневаме дека во случај на неуспешни избори, владејачката коалиција ќе пристапи кон уште една уставна измена со која ќе ни го одземе правото непосредно да одлучуваме за наш граѓански претставник на позицијата шеф на државата, а партократијата ќе се всели во уште една државна институција.

Веруваме дека проф. Силјановска-Давкова може да внесе разум, знаење и морал на политичката сцена, и дека ќе ги обедини македонските граѓани на кои суштествено им е потребен заеднички глас во полза на владеење на правото и здравиот разум, пишуваат универзитетските професори“, се вели во повикот на професорите.

Потписници се повикот се:

  1. Катица Ќулафкова, академик
  2. Наде Проева, професор
  3. Каролина Ристовска-Астеруд, професор
  4. Фредерика Поповска-Павловска, професор
  5. Билјана Ванковска, професор
  6. Жидас Даскаловски, професор
  7. Елка Јачева Улчар, професор
  8. Михајло Миноски, професор
  9. Никола Павловски, професор
  10. Богдан Богданов, професор
  11. Снежана Филипова, професор
  12. Костадин Тренчевски, професор
  13. Ивица Милевски, професор
  14. Јован Донев, професор
  15. Велика Стојкова Серафимовска, професор
  16. Валериј Софрониевски, професор
  17. Јани Бојаџи, режисер
  18. Ружица Манојловиќ, професор
  19. Игор Улчар, професор
  20. Константин Миноски, професор
  21. Марија Ристевска, доцент
  22. Драги Митревски, професор
  23. Тихомир Стојановски, професор
  24. Благоја Јанаков, професор
  25. Петре Георгиевски, професор
  26. Јане Богданов, професор
  27. Виктор Ѓамовски, професор

https://republika.mk/vesti/makedonija/triesetina-profesori-so-povik-do-javnosta-da-ja-poddrzat-kandidaturata-na-gordana-siljanovska-za-pretsedatel-na-drzavata/?

 

На прво место

News image

Не го прави тоа што несакаш тебе да ти го направат!

Унија на Ветерани на ВМРО-ДПМНЕ Остро го осудува вандалското однесување на мала група хулигани ког...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.