|
||||
Протест на Македонците од Европа пред Европскиот Парламент во Брисел! |
Протест на Македонците од Европа пред Европскиот Парламент во Брисел! Понесени од европските вредности за човекови права, достоинство и почитување на волјата на македонскиот народ, потврдена од минатогодишниот референдум, македонската дијаспора од Европа повикува на голем масовен протест пред седиштето на Европскиот Парламент во Брисел. Легитимноста на македонскиот народ е узурпирана од нелегитимните пратеници и таканаречена влада. Откога неправдата и нелегитимноста се инкорпорирани во опшеството, отпорот и бојкотот станува основно средство на реакција и должност. Дали мирно ќе го набљудуваме процесот на македонското уништување и држава? Нашиот отпор во дијаспората нека биде зачетокот на нови протести и непризнавање на вештачка северна држава. Да бидеме горди и решителни во докажувањето на македонските неправди пред Европските институции и пошироко. Само со масовност и решителност ќе можеме да придонесеме во зачувувањето на македонската држава и идентитет. Протестот ќе се одржи на: 8 февруар 2019 година 14.00 часот Пред Европскиот Парламент - Брисел, Белгија Секогаш Македонија, никогаш Северна. Координативно тело за протести на Македонците од Европа Женева , 31 јануари, 2019. |