|
||||
Кој ги штити криминалните банди? |
СДСМ и Спасовски го претворија МВР во партиска испостава која по потреба ги заштитува криминалцитеОливер Спасовски молчи и се крие зад партиски соопштенија затоа што нема одговор на прашањето дали во Скопје секој ден се случуваат разбојништва и зошто МВР крие колку од разбојништвата се расчистуваат? Кој ги штити криминалните банди? Паниката кај граѓаните е резултат на неспособноста и неработењето на Министерството за внатрешни работи и Министерот Оливер Спасовски. Насилството и хаосот на улиците е секојдневие за граѓаните. И по повеќе од една година се уште не се расветлени неколку убиства. Палење на автомобили има речиси секоја ноќ. Билтените на МВР се преполни со извештаи за грабежи на локали, бензиски, маркети, обложувалници и казина. Криминалците ги превземаат улиците. Нема ден да не е извршено разбојништво. Полицијата не успева да расчисти со криминалот. Министерот Оливер Спасовски треба да се ангажира за безбедноста на граѓаните, а не да тера партиска кампања за претседател. Оваа власт го претвори МВР во партиска испостава која по потреба ги заштитува криминалците. Оваа власт не е способна да ја гарантира безбедноста на граѓаните. Оваа власт мора час поскоро да си замине. ВМРО-ДПМНЕ |