|
||||
ВМРО-ДПМНЕ ќе ја добие поддршката од народот и ќе победи на предвремени парламентарни избори |
ВМРО-ДПМНЕ ќе ја добие поддршката од народот и ќе победи на предвремени парламентарни избори
Господине Мицкоски, од денешен аспект дали би играле поинаку во однос на вашиот став во однос на името, кој според дел од јавноста беше недефиниран? Дали би играле поинаку од денешен аспект. Потврдата на ставот на ВМРО-ДПМНЕ и позициите на ВМРО-ДПМНЕ ако ме прашувате поврзан со Договорот од Преспа го кажа народот, народот го кажа на 30 септември дали позициите на ВМРО-ДПМНЕ беа исправни или не беа исправни. Со тоа што народот одлучи да молчи, затоа што како што во минатото некои политичари на СДСМ сакаа да кажат – некои прашања не заслужуваат одговор. Така што од оваа перспектива гледано можам да кажам дека го избравме правилниот пат, а тоа беше патот заедно со народот, патот на правдината, на честитоста, на вистината и патот на Македонија. Народот одлучи да молчи, тоа е на некој начин бојкот, но вие пред референдумот не го искажавте ставот дека сте за бојкот на референдумот? Вие ме прашавте за мојот став, јас на денот на референдумот на 30 септември го кажав мојот став - нема да излезам на референдумот и дека нема да гласам, односно прашањето вакво какво што е не го заслужува мојот глас. Целото Интервју на Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за Радио Слободна Европа |