|
||||
ВО МАКЕДОНИЈА ЦАРУВА САМОВЛАСТИЕ! НЕ СЕ ПОЧИТУВА НИТУ УСТАВ, НИТУ ЗАКОН |
Ѓорѓија Џорџ Атанасоски Претседател,МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА ВО МАКЕДОНИЈА ЦАРУВА САМОВЛАСТИЕ! НЕ СЕ ПОЧИТУВА НИТУ УСТАВ, НИТУ ЗАКОН, НИТУ ЕДНА ИНСТИТУЦИОНАЛНА ОДЛУКА НЕ ТРАЕ ПОВЕЌЕ ОД 24 ЧАСА! ЖРТВА Е МАКЕДОНСКИОТ НАРОД КОЈ Е ПОНИЖЕН ВО СОПСТВЕНАТА ТАТКОВИНА!
Законот за двојазичност е предмет на интерес на Уставниот Суд кој според претходната пракса во други слични случаи, треба да го поништи законот само од формално-технички аспект, бидејќи не е потпишан од Претседателот на Републиката, туку само од Талат Џафери, кој и самиот противуставно е седнат во Претседателската фотеља во Македонското Собрание. Немакедонската Влада соопшти дека целиот Закон за двојазичност е доставен на оценување во Венецијанската комисија. Додека Заев, Димитров и Шекеринска наводно чекаат Венецијанската комисија да даде свое мислење за банкнотите, униформите и опсегот на употреба на Албанскиот јазик, функционерите на ДУИ спроведуваат самовластие. Вчера, немакедонската Влада заклучила дека за 7 до 15 дена на граничните премини, во амбасадите и во сите државни институции и општините ќе треба да се отстранат таблите со Република Македонија и да се стават со новото име. До вчера предавниците не убедуваа дека Договорот Заев – Ципрас стапува на сила тогаш кога Грчкиот Парламент ќе го изгласа протоколот за наше полноправно членство во НАТО Алијансата. Во меѓувреме СДСМ не смее да помисли да избере кандидат за Претседател пред претходно да добие „изим“ од Али Ахмети, кој уценува со консензуален кандидат за да воопшто тера кампања за исполнување цензус во вториот круг на претседателските избори. ПРЕТСЕДАТЕЛСКИТЕ ИЗБОРИ СЕ ПРВАТА ШАНСА ЗА ДЕЛУМНО ПОРАМНУВАЊЕ НА СМЕТКИТЕ. МАКЕДОНСКИОТ НАРОД НЕ СМЕЕ И ПОНАТАМУ ДА БИДЕ ЖРТВА НА ПРЕДАВСТВА ОД НЕОДГОВОРНИТЕ МАКЕДОНСКИ ПОЛИТИЧКИ ПАРТИИ. ЗА УРНИСУВАЊЕТО НА НАЦИОНАЛНИТЕ ИНТЕРЕСИ НА ИЗРОДИТЕ ТРЕБА ДА ИМ СЕ ИСПОРАЧА СООДВЕТЕН ОДГОВОР! ДОСТА Е ОД СРАМНИ ПОЛИТИЧКИ ПАЗАРИ! ГРАЃАНИТЕ ЌЕ ГЛАСААТ ЗА НАРОДЕН КАНДИДАТ КОЈ ЌЕ СЕ ЖРТВУВА ЗА СИТЕ ПОДЕДНАКВО И ЌЕ РАБОТИ ЗА ИДНИНАТА НА СОПСТВЕНАТА ЗЕМЈА! НИКОГАШ СЕВЕРНА, МАКЕДОНИЈА ВЕЧНА! |