Вторник, 05 Февруари 2019    PDF Печати Е-пошта
Ако се мери довербата само кај Македонците, тогаш за ВМРО-ДПМНЕ би гласале големи 55%, а за СДСМ 35%

altНовинарот Васко Ефтов, во својата најнова емисија „Во Центар“ ги обелодени резултатите од последните анкети, направени во јануари годинава.

На тие анкети, вели Ефтов, се покажува водство на ВМРО-ДПМНЕ во однос на СДСМ.

-На пример, кога се мери излезноста на сите гласачи и кога се мери заедно на Македонци, Албанци, Роми и Турци тогаш ВМРО-ДПМНЕ има 18,2%, СДСМ има 17,5%. Тоа значи некаде 0,7-0,8 отсто предност и водство на ВМРО-ДПМНЕ во однос на СДСМ. ВМРО-ДПМНЕ има најнизок резултат во ноември минатата година, тоа е ситуацијата во која 8 пратеници на ВМРО-ДПМНЕ гласаа за уставните измени или се одметнуваат од партијата. Најнискиот резултат на СДСМ е во август месец минатата година и изнесува 12,9 %, но тоа се должи можеби и на годишните одмори, истакна Ефтов.

Ако се земат предвид само гласовите на Македонците, според овие анкети, ВМРО-ДПМНЕ ужива убедливо најголема поддршка.

-Кога би се мерел рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ само кај Македонците или кај вкупниот број на Македонци, тогаш разликата е огромна во корист на ВМРО-ДПМНЕ.

28% од вкупниот број на Македонци би гласале за ВМРО-ДПМНЕ, а 18% би гласале за СДСМ. Тоа е разлика од 10%.

Но, ако се мерат само луѓето кои ќе излезат да гласаат на предвремени парламентарни избори или на претседателски избори, тогаш разликата се зголемува во корист на ВМРО-ДПМНЕ.

Тогаш, вкупниот број на гласачи, без разлика на етничката припадност кои би гласале за ВМРО-ДПМНЕ е 34,9%, а вкупниот број на гласачи кои би гласале за СДСМ е 33,7% или разлика од некаде 1,2%.

Ако се мери довербата само кај Македонците, тогаш за ВМРО-ДПМНЕ би гласале големи 55%, а за СДСМ 35%, рече новинарот.

Инфомакс

 

На прво место

News image

Не го прави тоа што несакаш тебе да ти го направат!

Унија на Ветерани на ВМРО-ДПМНЕ Остро го осудува вандалското однесување на мала група хулигани ког...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.