|
||||
ВМРО-ДПМНЕ ги претстави кандидатите кои ги исполнуваат условите за кандидат за претседател |
ВМРО-ДПМНЕ ги претстави кандидатите кои ги исполнуваат условите за кандидат за претседателКомисијата за утврдување на кандидат за претседател од ВМРО-ДПМНЕ вчера одржа седница на која ги разгледа поднесените пријави за пројавување интерес за кандидат за Претседател на Република Македонија, кои ќе учествуваат на претстојната Конвенција на 16-ти февруари во Струга. Комисијата утврди дека се поднесени 10 кандидатури, од кои една кандидатура е поднесена по рокот за пријавување и е отфрлена како ненавремена. Кандидатите кои ги исполниле условите, се следните:
ВМРО-ДПМНЕ ќе им овозможи на сите пријавени еднаков пристап до Општинските Комитети на партијата во период од 6-ти до 16-ти февруари, со цел презентација на нивната програма и визија за Македонија. Сите кандидати ќе имаат еднаков третман и еднакви можности да бидат избрани, согласно принципите на демократија. Транспарентноста и демократијата на процесот е со цел да биде избран кандидатот кој ќе го претставува мнозинското мислење на граѓаните и ќе работи во согласност со Уставот и законите во полза на сите граѓани. ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш ја повикува власта, да престане да ги става личните и партиски интереси над државните и да распише предвремени парламентарни избори заедно со претседателските. Државата повеќе нема време за губење, Република Македонија не смее да продолжи да тоне. СДСМ која во изминативе две години донесе само неуспеси мора да си замине. |