Го честитам денешното потпишување на протоколот за НАТО (Втор дел)
6. Постапка за санирање на штетата од Преспанскиот договор
Потоа, по реализацијата на овие цели и интеграции во НАТО и ЕУ, треба да се донесе политичка елита на власт, која ќе превземе конкретни одговорности и активности за корекција на штетата од овој договор, транспарентно нагласувајки и давајки јасно до знаење дека нема и нема да има никакви територјални или било какви други негативни претензии кон сите соседи кои би го нарушиле мирот и стабилноста. Имајки во обзир во каква ситуација не донесе оваа марионетска власт, јасно е дека тоа ќе биде многу тешка задача и цел за која ќе треба голема умешност, храброст и мудрост на тогашната влада и Премиер. Некој со право ќе рече дека нема да е лесно повторно да се соберат 2/3 во парламентот. Ако се има подршка од народот, но и цврста воља, храброст, упорност и посветеност, во политиката се е изводливо. Тогаш, никој нема да го има аргументот од типот дека поважно е да станеме членки на НАТО и ЕУ, отколку да го зачуваме името и идентитетот, затоа што тогаш веќе ќе сме членки.
7. Важни активности за годините до исправање на штетата. Справување со пропагандите и обидите за индоктринација.
Периодот од сега па до санирање на направената штета е многу важен. Би рекол: пресуден. Погледнете само кратко во историјата и веднаш ќе знаете што ќе се случува? Ќе има неверојатна и многу силна битка на пропаганди за менување на националната свест и начин на размислување во однос на името, идентитетот и историјата на македонскиот народ. Несамо на свеста на помладите и идните генерации преку учебниците и училиштата, туку и на повозрасните граѓани преку невидена досега и крајно суптилна а можеби и брутална перманентна кампања истовремено, дебело платена пропаганда. Цената и бројот на луѓето кои ќе живеат од пропаганда во корист на туѓи центри ќе расте. Исто како што било и порано низ историјата, на пример пред 100 или 120 години. Тогаш пропагандата била преку црквите кои биле највлијатени, свештениците, учителите, подоцна и преку весниците...Во голема мера и влијанието на елитата во општеството која не целосно, но значаен дел секогаш конформистички се приклонува онаму каде се чуствува побезбедно, а тоа е секогаш кај посилниот а не кај оној на чија страна е правдата. Сега со сите средства на располагање на модерното време, тргнувајки од истите оние од минатото, ако самите дозволат да станат средство за таква пропаганда, па преку интернетот, социјалните мрежи, медиумското влијание телевизиите и сите други постоечки како и медиуми и техники кои непостојат денес но во иднина ќе се појават, преку поткупени, уценети, марионетски и разни видови неодговорни политичари, историчари, професори и други учени и квази учени луѓе. Идејата на таа пропаганда ќе биде преку промена на свеста и начинот на размислување, во смисла дека вака ни е подобро, дека немаме никаква загуба од тоа што попуштивме, дека всушност претходно сме биле искомплексирани, во заблуда, ретроградни, заведени, заробени и слично, ама веќе сме модерни, слободни, напредни, посакувани, ценети, прифатени, и не сме се тоа што сме биле, итн.итн. И ние навистина сето тоа ќе бидеме, но поразени. Поразени по прашањето на нашиот идентите, име, историја, култура, самоопределување...СЛОБОДА!!! Поразени со затворено македонско прашање на штета на македонците. Од македонците ќе зависи дали ќе го прифатат тоа долгорочно. Краткорчно веќе ни е наметнато. Разноразни НВО, фондации,,,филантропи,, ,здруженија и слично кои ќе бидат параван на туѓата пропаганда ќе продолжат да ги таргетираат најдобрите и најнапредни млади луѓе во општеството, ќе им даваат огромни можности за лесна заработка, финсирање на нивно подобро образование и патувања низ светот, со цел да дозволат да бидат изложени на идоктринација и по можност и самите да бидат обучени за индоктринатори на останатото население или барем нивната околина. Да тоа е правиот збор: индоктринација. Медиуми кои ќе биде јасно дека работат на некомерцијална основа, врбувани сопственици на медиуми, голем дел од најдобрите политички аналитичари, професори, или било какви креатори на јавното мислење, се ќе биде ставено во погон и финасиски подмирено за една силна индоктринација за дефинитивно менување и бришење на националната свест и начин на размислување како последна опасност за опстанок на македонската нација, идентитет, име и свест за историјата каква што била реално. Целта меѓудругото ќе биде сите кои работат во тој правец да се ,,ѕвездите,, во општеството, успешните, елитата, пример на кој секој треба да се угледа за да е ценет и почитуван, преплатени, превреднувани..., а тие што мислат спротивно и што се борат за македонската национална кауза да се ретроградните, маргиналците, да се опишани како забегани, криминалци, насилници, нереални, прости, конфликтни, проблематични личности и назадни. Па зарем е сега различно? Да не заборавиме: најсилен одговор на сите вакви пропаганди насочени кон младите е домашното воспитување и влијание. Најдобра битка до победата против било какви учебници кои ќе им ги наметнат на нашите деца, е влијанието, подучувањето и активното објаснување и креирање свест од страна на родителите. Тоа е посилно од се, и најсилен одговор на пропагандите, ако е систематски и во навремена возраст започнато. Како би опстојала македонската свест низ децениите под турско, српско, бугарско итн ако небиле пренесувањата на националната свест во домот од колено на колено?! Пропагандата ќе продолжи во правец на натамошно оцрнување, уништување, елиминирање и омаловажување на сите авторитети во општеството кои имаат поголемо влијание, кои народот може да ги следи, а кои истовремено не се откажуваат од враќање на одземенето и имаат јасна промакедонска определба често од некои пропагандисти од соседните земји наречени и обележани како ,,македонисти,,. Со сменето име, устав, стапени на сила меѓудржавени договори, подршка на тие договори од најмоќните западни земји, медиуми, соседи, НВО, во некои периоди и од власта во нашата земја, операцијата на исправање на неправдата или ,,санирањена штетата,, нема да биде ни приближно лесно како сега. Да, тоа нема да биде лесна битка ниту лесно време за водачите со патриотски идеи и нивните следбеници. За силите кои треба да се изложени во првите редови на отпорот со кој треба да се исправи неправдата и санира направената штета. А кога пак во историјата кога нашите предци ја граделе таа нација и држава било лесно? Никогаш! Дефинитивно со договорот во тој дел одиме ,многу назад, но сега веќе немаме избор. Не случајно јас долго време се борев и превземав огромен личен ризик но и последици, со цел да недојдеме во ваква ситуација, да загубиме нешто, да направиме огромна штета, па потоа да се бориме од почеток за да ја корегираме таа штета, со сите неизвесности, тешкотии, препреки, жртви и ризици кои ќе следат. Дури и меѓу најпатриотските сили,кај силите на отпорот на намерата засекогаш да се затвори македонското прашање на штета на македонците, исто како што е и сега, пропагандата ќе работи на концептот: раздели па владеј. Разузнавачките операции во правец на расцепкување и раскарување со цел ослабнување на десницата и изолирање и неутрализирање на таквите сили во левицата, ќе останат во врвот на агендата на многу страни. Стратегијата раздели па владеј провејува низ целата македонска историја а за жал и денес. Сепак таа не е нешто што и се случувала само на Македонија. Помоќните и поголемите, секогаш ја користеле во борбата против послабите и помалите.
8. Што треба да прават политичарите, политичката елита која ќе е предводник на силите на отпорот и исправка на неправдата?
1.Политичките сили и сите поединци кои не ја гледаат Македонија и македонскиот народ подчинети и под закрилата или како дел од народ на некоја соседна земја, а македонскиот јазик како нечиј дијалект треба да се главниот носител и предводник на таа долгорочна борба за исправање на неправдата. Се разбира, колку и да народот е свесен за својот идентитет, име, историја и припадност, потребно е континуирано парирање на антинационалната и антимакедонска пропаганда со контра пропаганда посилна од пропагандата, со разобличување на сите нечесни намери и скриени цели, до ниво до кое ќе сватат дека попусто си ги трошат парите во Македонија. Тоа треба да се прави внимателно без да се загрози членството во НАТО и ЕУ во наредните 6-7 години, или колку и да се. Но, да се прави. Погледнете што се случува сега, безмалку нема печатен весник кој не е финасиран од некаде, на некомерцијална основа. Слично е и со некои телевизии и со многу портали.
Зарем не гледате со години куп аналитичари во чии ставови јасно се чита дека одработуваат нечија агенда. За политичари, да не говорам. Таквите добиваат најмногу простор во медиумите, најмногу привилегии, лесно заработени пари и слично. Ги има веќе многу а секојдневно се појавуваат и т.н. најчесто уценети или под закана ,,новоосвестени,, кои те се каат за минатото, те се извинуваат, те се докажуваат колку се за Нато и Европа иако тоа никогаш не било спорно, те не плашат со распад на земјата ако не се случи ова или она, итн.итн. Каква ќе биде таа анти пропаганда и промакедонска пропаганда, ќе си отценат идните водства на слободните македонски партии. Кои методи, кои средства и инструменти ќе ги употребат е работа на нивна одлука и на експерти кои можат да ги поучат. Тоа е ,,занатска,, работа. Стручни и креативни луѓе можат да дадат многу идеи. Важно е да се неутрализираат и да не успеат пропагандите кои македонците ќе ги направат да не се чуствуваат македонци, туку само ,,граѓани на светот,, кои всушност во реалноста се опколени со соседи грци, бугари, срби, албанци... Или пак да не се чуствуваат за северно македонци, или помирени со судбината од последиците на преспанскиот договор и сл. Не е проблем мнозинството во една нација да се чуствуваат за граѓани на светот, ако пред се и над тоа се чуствуваат најпрвин припадници на една земја и народ, а дури потоа граѓани на светот. Но е проблем ако сите граѓани во Европа и особено балканот пред се имаат силно национално чуство за припадност на одредена нација, а дури потоа се чуствуваат за граѓани на светот, а само ние обратно. Нашата битка ќе е полесна од аспект на стартна позиција на веќе формирана национална свест. Нивната од аспект на веќе сменет устав и стапени договори на сила, но и огромни пари од разни извори кои ќе ги вложат. Клучно е, во НАТО и ЕУ да влеземе, но ако веќе влегуваме со сменет устав и штетни договори, да влеземе барем со јасна, цврста и нескршлива национална свест како македонци, со непоколебливо чувство на македонски идентитет. Со свест дека сме држава на која само привремено и насила спротивно на вољата на мнозинството и е наметнат договор за смена на името, идентитетот, историјата по туѓ терк и замисла. И дека задача на секоја наредна влада потоа треба да биде, најпрвин да го одржи македонското прашање отворено со јасно дадено дознание дека не се помируваме со актуелната ситуација, а потоа да го затвори кога ќе се корегира неправдата и направената штета од овој период. А како ќе се корегира неправдата, како ќе се санира штетата, со кои политички и дипломатски чекори, со кои сојузници освоени во меѓувреме, со какви конкретни правни и политички чекори и постапки, тоа останува тогаш да одлучи која и да е влада. Народот си го кажа своето. Се се може кога многу се сака и кога е многу важно. И да не заборавиме. Подршката од надвор за преспанскиот договор е заради членството на Македонија во НАТО, и до некаде во ЕУ. Одкако тоа ќе се случи, макар и со насилно сменета влада, устав, незаконски гласања и објави во службен весник итн, интересот на меѓународната заедница за тоа како ние ќе се викаме и што мисли за тоа некоја друга земја, ќе биде далеку помал. Тоа е делот кој би бил обврска на идните влади и власти во Македонија по заминувањето на оваа марионетска влада. Министерството за култура, после овој договор, ќе остане нашето министерство за одбрана по промената на марионетската влада, непомалку одколку вистинското министерство за одбрана.
9. Обврските на граѓаните.
Овие години во кои со сила ќе не нарекуваат Северна Македонија, често и северномакедонци или само граѓани на ....., нагласено ќе ни повторуваат дека немаме сопствена историја пред 1945 година, треба како граѓани, како индивидуи да правиме чекори континуирано високо да го држиме отворено македонското прашање, да даваме личен ненасилен отпор, да изразуваме несогласување и да даваме до знаење на секое ниво и насекаде низ светот за неправдата која ни е сторена. Секој граѓанин. До влезот во НАТО и ЕУ, не толку владите. Граѓаните! Владите треба да покажат решителност, умешност и храброст по влезот во НАТО и ЕУ, а дотогаш да превземаат чекори вотој правец но и да не им даваат аргументи на било кој да го одложи влезот во НАТО и ЕУ. Што порано влеземе во НАТО и ЕУ, побрзо ќе започне етапата на корекција на нанесената штета. Секој граѓанин, на секој можен семинар, конференција, округла маса, дебата, или било каков меѓународен настан, секогаш кога за тоа има прилика и пригода и при тоа не се доведува во некаква голема опасност или ризик, треба да продолжи да дава до знаење, вербално или со разни гестови да потсетува, да промовира и информира за неправдата направена врз македонците. Така секој од нас преку свој мал минорен допринос, да го држи отворено прашањето, на секое ниво. Секој македонец да е дел од силите на отпорот. Да знае светот дека ние имаме свест за она што насила ни е одземено, дека не сме и никогаш нема да се помириме со тоа и да не се заборави. Секојдневно, на сите нивоа, од спортисти до инжињери, од лекари до натпреварувачи по математика или физика, од ученици до пензионери, од бизнисмени до администрација, секаде и секогаш да ја потенцираме, гласно, културно и гордо неправдата која ни е нанесена и непоколебливата решеност таа еден ден да се исправи. Како што илјадници наши граѓани во минатото правеа гестови на разни настани на меѓународно ниво тргајки ги или шкртајки ги, или покривајки ги табличките на масите каде пишуваше ФИРОМ, така и во иднина, секој слободномислечки македонец треба да најде своја креативна форма, во секој миг, и на секое место, да го држи отворено македонското прашање и свеста за тоа насекаде, но и да го изрази својот став по ова прашање. Политичарите и владите во следните 6-7 години нека отвораат и затвораат поглавја за ЕУ и НАТО, но народот да си го врши своето, за да им дадат на политичарите можност, причина и повод и обврска, кога ќе се заврши влегувањето во НАТО и ЕУ, во нивно име, во име на народот, на негово барање да најдат начин со политички средства да ја исправат нанесената неправда, одземените права и создадената национална штета. Следните 5 точки се индиректно поврзани со новата парадигма за исправање на неправдата. Реформите, економијта, демографијата, меѓупартискиот консензус за најкрупните национални прашања, меѓуетникиот соживот, унитарноста, образованието, знаењето, иновациите и неоткажувањето од зацртаните цели се само предуслов за силна држава. Факт е дека само со силна држава може да се реалиираат зацртаните национални цели.
10. Во меѓувреме потребен е силен фокус на реформите на општествоти и државата
Секоја македонска влада треба брзо и ефикасно да ги прави реформите кои ќе ја зајкнат дрѓжавата, владеењето на правото, економијата итн, и кои ќе го забрзаат нашето членство во НАТО и ЕУ. Прво затоа што тие во основа им се потребни за сите граѓани и државата, тргнувајки од судството, администрацијата, медиумите, демократијата, изборите, па се до економијата, образованието, екологијата,земјоделието и здравството. Но, и затоа што, одкако ќе ги исполниме критериумите ќе влеземе не само во НАТО туку и во ЕУ. За потоа да можеме во точно одмерен политички и историски момент да ги започнеме и спроведеме конкретните активности и чекори за да се корегира и промени состојбата на насила одземеното национално достоинство и идентитет и права, без притоа да се делиме и етикетираме по разни основи. Реформите треба да направат посилна и поправична држава, а тоа е во врвот на приоритетите на секој човек кој ја сака својата земја. 11. Силен фокус на развој на бизнисот и економијата Секоја влада треба да работи силно на елиминирање на проблемот со невработеноста и зголемување на животниот стандард и примањата на граѓаните. Создавање услови за напредок на приватниот сектор, подршка на иновациите и привлекување капитал и инвестиции од надвор кои ќе отвораат нови работни места, ќе носат нови технологии, знаење, образование и корпоративна култура и свест. Нам ни треба економски силна држава која ќе може да ги остварува своите национални цели. И пред се нам ни треба народот да остане во Македонија.
12. Иселувања. Демографија. Да не останеме држава без народ.
Економското зајкнување и реформите нема да го запрат иселувањето кое е глобален тренд, кое сега е најмалку триплирано во однос од пред 1-2 години, но ќе создадат претпоставки за негово намалување. Два фактора се важни. Прво, ниската демографија која по доаѓањето доаѓањето на марионетската власт, укинувањето на додаток за трето дете и слично веќе дополнително се намалува. Потребни се мерки за зголемување на наталитетот и поголема помош на повеќедетните семејства. Вакви мерки веќе масовно се воведуваат во многу земји низ Европа. Второ, охрабрување за продолжување на животот во Македонија преку реални и реформи кои се опипливи, многу посилен економски развој и отворање работни места, и посилна правна држава. Без ова, нема иднина натамошната борба за македонската кауза. Ова прашање треба да се издигне меѓу најприоритетните и да се создаде национален комитет за справување со овој огромен проблем во кој ќе влезат преставници на секоја наредна власт и опозиција, како и стручни лица од областите директно поврзани со оваа закана која може да однесе се.
13. Национална стратегија и меѓупартиски консензус за прашањата од највисок национален интерес
Оваа марионетска власт ќе биде употребена и потоа ќе замине. Јас најдов привремено засолниште добивајки политички азил во Унгарија заради политички прогон, под налетот на политичкиот прогон на оваа власт, заради нејзини јасни цели заради кои е назначена, поврзани со името и идентитетот. Нивната судбина ќе е потешка, бидејки да се засолниш од марионетска влада е полесно, одколку да се криеш од разгневен, измамен и предаден народ. Дел од нив ќе се разбегаат, дел ќе останат во земјата но со наведната глава, независно какви награди и признанија однадвор ќе добијат. Сепак, задача на секоја идна власт и опозиција, е да постигнат минимум консензус за клучните македонски национални интереси. Ваквата раскараност и поделеност каква што е сега, одговара и во одредена мерка е стимулирана само од оние кои имаат некакви нечесни аспирации против Македонија. Во иднина раскараноста и поделеноста ќе биде уште повеќе стимулирана и посакувана за истите. Потребно е водачите и раководствата на најголемите партии, освен што ќе продолжат да се натпреваруваат и меѓусебно критикуваат со сите дозволени демократски средства, инструменти и начини, да се издигнат еден степен погоре, барем на ниво како што можеме да видиме кај некои наши соседи, и да постигнат договор за заштита на националниот интерес и остварување на клучните национални цели. И да го почитуваат тој договор и кога се на власт и кога се во опозиција.
14. Меѓуетнички соживот и разбирање. Задржување на унитарноста.
Образование! Држава базирана на знаење и иновации а не на кланови! Имајки ги во вид спецификите на нашата држава, една од клучните политики треба да продолжи да биде меѓуетничкиот соживот и разбирање, и за тоа и до влезотво НАТО и ЕУ и потоа ќе треба континуирани напори на сите влади. Идеите за преоѓање од унитарна, во федерална држава треба во корен да се обесхрабрат. Блиското минато од поранешната Југославија ни е најдобар пример како тоа завршува на овие простори на Балканот. И во контекст на подобро меѓуетничко разбирање и соживот, но и во контекст на поконкурентна нација и индивидуалци, клучен сегмент е поквалитетно образование со стекнато далеку повисоко ниво на знаење одона што е сега. Тоа подразбира и зајакнување на конкурентноста и знаењето на образовниот кадар но и повисоки стандарди за отценување на знаењето. Тоа подразбира мерки за стимулирање на креативноста на младите и подршка на иновациите и претприемништвото како и се што оди со нив.
|