Понеделник, 11 Февруари 2019    PDF Печати Е-пошта
Огнена стрела во срцето на Република Македонија

makedonsko-zname-razveanoОгнена стрела во срцето на Република Македонија

51aМихајло Маневски

Народот никогаш нема да го прифати овој геноцид и ова капитулација и никогаш нема да се откаже од Република Македонија

На 8-ми февруари 2019 година во 21 часот со ратификација на протоколот на НАТО во Грчкиот парламент е потврдена смртната пресуда на Република Македонија. Република Македонија повеќе не постои како држава. Масакрирана и окрвавена Република Македонија е пратена во историјата. Основана пред 75 години на првото заседание на АСНОМ од 2-ри август 1944 година по долгогодишна крвава борба на македонскиот народ Република Македонија повеќе не постои. Не постои македонска држава и не постои македонска нација. Не постои македонски народ, не постои македонски идентитет, македонска историја и култура, фолклор и традиција. Кутната на смртна постела со капитулантскиот договор на велепредавниците изроди Зоран Заев, Никола Димитров, Радмила Шекеринска и кликата на СДСМ окулу нив, ја уништија македонската кауза.

Зошто се бореа и зошто загинаа стотици илјади жртви за создавање на своја држава низ столетијата? Зошто загинаа најдобрите синови и ќерќи на македонскиот народ, илинденци, комити, војводи, партизани, ослободители и родољуби, кои на олтарот на слободата го положија својот живот за своја држава слободна и самостојна Република Македонија? Зошто толку долго и тешко страдаше народот? Денес им се мешаат коските на борците за слободна и независна Македонија, се растураат нивните спомени и се бришат нивните дела. Тие што беа смртно погодени, стрелани и зверски мачени од окупаторите во занданите, умираа со една мисла за Македонија и тоа им беше последниот изговорен збор, се колнеа со смрт или слобода, а не прифаќаа ропство и триранија.

Предавниката клика на Зоран Заев го избриша и го смени вековното име на Македонија. За нив нема никакво значење што македонскиот народ го направија граѓани на некоја Северна Македонија, нова држава на Балканот, најмлада држава во светот, со безимени граѓани, без народ, нема македонци, има само некакви граѓани.

Згасна пламенот на жртвите за слободна Македонија

Што се случува денес? Предавство и арамилак. Во паркот “Жена борец“ во центарот на Скопје, наспроти Собранието, како пиетет и сеќавање на знајните и незанајните јунаци кои го положија животот на олтарот на слободата се подигна споменик (In mortalis). и се запали вечен пламен. Тој вечен пламен со доаѓањето на ова ненародна власт на СДСМ и ДУИ згасна и престана да гори. Горилникот на вечниот пламен денес е полн со ѓубре. Срамна слика за еден однароден режим како израз на предавство, непочитување, простаклук и некултура. Барем да имаа толку доблест да го исчистат или да го затворат или да го покријат да не се гледа срамот. Тоа ли е почит спрема жртвите? На споменикот пишува Libertass и Justice – слобода и правда, а нема ниту почит, нема ниту слобода, нема ниту правда.

Геноцид врз македонскиот народ

Преставува геноцид (sui generis) во 21-от век да се брише уставното име на една држава и да се врши насилна промена на идентитетот на еден народ. Од денес постои нова држава која се нарекува Република Северна Македонија, во која живеат граѓани. Нема македонци, туку само граѓани. Се брише македонската нација, таа не постои. Што сме ние сега, никој и ништо, без идентитет и без корен. Од денес почнува да чука часовникот на нешто непознато, на нешто срамно и недолично. Како со нож се сечат сите врски на овие нови “граѓани на Северна Македонија“ со минатото и нивната историја и култура. Која беше целта да се уништи старата македонска цивилизација и да се уништи македонскиот народ, кој низ вековите го задолжил човештвото со писменост, култура историја и традиција? На кого му пречеше македонската цивилизација? На кого му пречи македонската држава и македонскиот народ и од петни жили запнаа да ги уништат, и тоа срамно го сторија.

Целата постапка за склучување на капитулантскиот договор со Грција е водена насилно и со груба и тешка повреда на националното и меѓународното право. Капитулантскиот договор со Грција е случен спротивно на Уставот на Република Македонија и спротивно на законите, спротивно на Одлуката на граѓаните на Македонија донесена на Референдумот за самостојност и независност од 8–ми септември 1991 година и спротивно на Одлуката на Референдумот од 30 септември 2018 година. Овој договор е спротивен на Повелбата на ООН и на Резолуциите на Советот за безбедност на ООН број 817 од од 7-ми април 1993 година и број 845 (1993) од 18 јуни 1993 година.

Со капитулантски договор неможе да се менува името на државата и да се руши идентитетот на народот. Според членот 119 став 1 меѓународните договори во името на Република Македонија ги склучува претседателот на Република Македонија. Претседателот на РМ не само што не е подписник на овој договор, туку целосно беше исклучен од тој процес. На референдумот од 8-ми ссептември 1991 година граѓаните на Република Македонија плебисцитарно со огромно мноинство од над 97% донесоа Одлука за Самостојна и неазависна Република Македонија. Таа Одлука е донесена за век и веков и никој неможе да ја менува, освен на начинот на кој е донесена со организирање на референдум на граѓаните. Одкако на Референунот од 30 септември 2018 година не е донесена Одлука за промена на името на Република Македонија, што е утврдено со Одлука на Државната изборна комисија, бидејки на референдумот излегле само 36% од запишаните избирачи, се пристапи кон противуставно менување на името на државата и идентитетот на народот во Собранието на Република Македонија со октроисани амандмани на Уставот.

Насилството е основен белег за донесување на Одлука за пристапување кон изменување на Уставот со уставните амандмани. Одлуката е донесена со огромен притисок врз група пратеници, со насилство, уцени, закани и подкуп за прибавување на корист. Под тој силен притисок подклекнаа 8 пратеници од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, од кои еден од Социјалистичката партија. Од нив троица се наменски ослободени од куќен притвор за да можат да гласат и тоа пратениците што ја отворија вратата на Собранието Крсто Муковски, Љубен Арнаудов и Сашо Василевски. Да не ја отвореја вратата, немаше да се случи тоа што се случи. Тие вратари, се амнестирани од кривична одговорност со селективнта наменска амнестија како награда за стореното. Крсто Муковски е ослободен од куќниот притвор на денот на гласањето, поради што седницата се одложуваше неколку пати за да може да се изврши таа операција на ослободување на химнопеецот Крсто, кој е донесен на гласањето спроведено окулу 22 часот. Против Елизабета Канчевска Милевска, како министерка за култура се спроведува кривична постапка за случајот “тендери”, за кој е сосема извесно како ќе заврши. На паратеничката Емилија Александрова и ја вработија ќерката Сара во криминалниот Фонд за иновации и технолошки развој. Пратеничката Владанка Авировик се бори за спас на синот од кривична одговорност за случајот “труст” за кој е осуден на казна затвор, но предметот во второстепена постапка не се решава во Апелациониот суд, во кој предмет е осуден и пријателот на пратеникот Зекир Рамчиловиќ. За овој случај, незапаметено во досегашната работа на Собранието, смилслено се измени само една одредба (член 275-в став 3) од Кривичниот законик за да се создадат услови за изрекување на поблага казна и можност за условна осуда и за застарување на делото.

Ова ли е слобода и израз на вољата на народот?. Огромни притисоци и од надвор и од внатре. Како во никоја друга земја пред референдумот дојдоа највисоки преставници и шефови на држави и влади, министри и функционери да го убедуваат народот да гласа за менување на уставното име. Но, народот не послуша никого, туку ја послуша својата совест и не гласаше за самоуништување и покрај сите огромни притисоци и уцени.

Грубо повредено меѓународното право

Целосно е погазено меѓународното право. Повредена е одредбата од член 2 од Повелбата на Организацијата на обединетите нации со која се гарантира правото на самоопределување на народите. Спотред ова одредба, целта на ООН е да се “развиваат пријателски односи меѓу нациите засновани врз принцип на почитување на еднакви права и самоопределба на народите”. Спротивно на неговата воља не можете да му смените името nиту на едно амазонско племе, а камо ли да се промени името на една стара цивилизација и култура, името на Република Македонија.

Повредена е Резолуцијата на Советот за безбедност на ООН број 817 од од 7-ми април 1993 година. Во точка 2 од Резолуцијата се говори за надминување на разликата (еднина) во врска со името.Таа разлика се предтвори во тежок и страмен едностран договор за тотална капитулација, со кој се понижува и е изложена да трпи само Македонија. Целата работа за Грција заврши со ратификација на протоколот на НАТО. Грците однесоа триумфална победа на штета на Македонија и македонските национални интереси. Добија повеќе одколку што можеа и да замистлат и да сонуваат.

Сега топката е префрлена на наша страна, да се соголиме до гола кожа и сами да се уништиме. Македонија крвари, а крвари и срцето на македонскиот народ од предавници и нелуѓе. Крвари Македонија (од денеска Северна) од притисоци, политичлки прогон, закани и уцени. Сега забрзано се стават нови табли и душмански се корне и се брише се што содржи збор Македонија или македонско. За нашата историја и култура ќе решава некој мешан Комитет, а нашиот преставник Виктор Габер, извјавува дека нема немал никакви забелешки на грчките учебници и на грчката историја, додека грците пронаоѓаат “иредентизам” на секоја страница на секој учебник, сликовница, карта или учебно помагало? Ќе побара ли г-ѓа Кица Колбе, по потекло од Егејска Македонија, а сега член на Комитетот, враќање на имотите на македонците протерани од Егејска Македонија? На 83 илјади (183 илјади) протерани Македонци во 1983 година со дискриминаторските закони на Грција им било забрането да се вратат на своите родни огништа. Мирка Гинова била жива закопана до главата и потоа стрелана. Ова во грчкиот парламент го изјави никој друг туку грчкиот премиетр Алексис Ципрас. Знае ли г-ѓа Кица Колбе дека правото на сопственост на имотот е неприкосновено и не застаруава.

Велепредавникот со овој капитулантски договор Зоран Заев и од татко проколнатиот подписник Никола Димитров прифатиле да се брише Резолуцијата број 845(1993) усвоена од страна на Советот за безбедност на 18 јуни 1993 година. Во Резолуцијата во точка 3 се наведува дека Советот за безбедност “Бара од Генералниот секретар да го информира Советот за напредокот на нивните понатамошни напори, чија цел е разрешување на разликите меѓу двете страни пред отпочнувањето на 48 сесија на Генералното собрание и навремено да извести пред Советот за нивниот исход и одлучува повторно да го разгледа прашањето во светло на извештајот.“ Сега веќе има срамни обиди да не убедуваат дека со известување на Советот за безбедност работата е завршена. Тоа е најобична лага. Ова Резолуција на Советот за безбедност мора да се почитува. Извештајот на Генетралниот секретар, согласно ова Резолуција мора да биде разгледан од Советот за безбедност.

Република Македонија жртва на геостратешки политички интереси

Огромниот пртисок врз Македонија невиден досега во историјата на ниту една земја во светот да прифати политичката капитулација и самата да се уништи е новата доктрина за остварување на геостратешки цели без борба. Тоа е таа доктрина што ги крши елементарните норми на меѓународното право и правото на самоопределување. Со огромен политички притисок и невидено предавство на домашните издајници извршен е геноцид врз македонскиот народ кој се брише од картата на народи на светот. Република Македонија е жртва на новиот светски поредок на неоколонијализам и политичка доминација заснован врз угнетување и експлоатација на големите и моќните врз малите и сиромашни народи. Се е подредено на заштита геополитички интереси и на крупниот капитал и при тоа не се почитува ниту право, ниту правда. Се применуваат истите методи на создавање на внатрешен раздор, лажни сценарија, лажни ветувања, насилна промена на влади, носење на марионети на власт кои ќе им служат, уцени, закани, подкуп, пласирање на црнила и примена на сите деструктивни рушителски методи за постигнување на сопствените цели.

Да се почитуваше меѓународното право Македонија пред десет години ќе беше член на меѓунардни организации и ќе и беа отворени вратите за влез во ЕУ. Се отиде дотаму што се згази пресудата на највисокиот суд во светот на Меѓународниот суд на правдата на ООН. Судот пресуди дека Република Мекедонија не може да биде попречувана да биде членка на меѓународни организации. Ништо од тоа, како да не постои пресудата, а не се направи ниту обид таа да се спроведе. Какво е тоа почитување на меѓународното право? Новата доктрина се повикува на меѓународно право само ако е во нивни интерес.

Република Македониа ја продадоа душмани и издајници. Нема веќе ништо македонско, македонски или македонска. Веќе 15 месеци гние во затвор Јане Ченто, потомок од родот на првиот претседател на Македонија Методи Андонов Ченто. Гнијат и други полицајци и родољуби, а предавниците пратеници што срамно гласаа за промена на уставното име на државата и за бришење на македонскиот идентитет уживаат во селективната амнестија и други награди и погодности за предавството што го извршија.

На сите изроди и предавници ќе им суди Ченто, а Ченто е народот, кој никогаш нема да го прифати овој геноцид и ова капитулација и никогаш нема да се откаже од Република Македонија.

Нека им е вечна слава на борците и жртвите за самостојна и независна Република Македонија. Нека почиваат во мир, нивните жртви нема да бидат залудни.

https://republika.mk/kolumni/ognena-strela-vo-srceto-na-republika-makedonija/

 

На прво место

News image

Не го прави тоа што несакаш тебе да ти го направат!

Унија на Ветерани на ВМРО-ДПМНЕ Остро го осудува вандалското однесување на мала група хулигани ког...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.