|
||||
Гостивар памети-Секој на различен јазик му се моли на истиот Бог |
Жалосно е што треба да се случи трагедија за да се обединиме – Солзите и болката не познаваат вера и нацијаПатувам со „Дурмо Турс“ веќе пет години, со истите добро препознатливи црвени автобуси, речиси секој ден. Шоферите со кои најчесто патувам се прекрасни луѓе и исклучително внимателни, ме гледале секогаш како свое дете.
Сме патувале низ пороен дожд, тежок снег и густа магла. Верувам дека и денес кој и да возел возел со најголемо внимание и најдобро што може. Во тој автобус денес се возеа наши пријатели, соседи, роднини. Гостиварци се исклучително добри луѓе и не заслужија ваква трагедија.Никој не заслужува вакво нешто.Многу, многу ми е жал и срцето ми плаче. Меѓу настраданите и повредените има и македонци, и турци, и албанци, а и месното население кое притрча прво напомош е исто така од мешан етнички состав. Секој на различен јазик му се моли на истиот Бог, за доброто на сите кои се во мака. Солзите и болката не познаваат вера и нација. Жалосно е што треба да се случи трагедија за да се обединиме толку цврсто. Што носи мигот, не носи годината. Да бидеме подобри луѓе овој ден и секој ден за сите што заминаа, бидејќи секој од нас можеше да биде на нивно место. Пријатели,моите мисли и моите молитви се со сите вас. Бидете силни како што само вие можете. Гостивар памети! FB na Vesna Poposka
|