|
||||
Бојкотот му одговара на Заев – глас за кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ значи пад на власта! |
Николоски:Бојкотот му одговара на Заев – глас за кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ значи пад на власта!
Во јавноста се заговара идејата за бојкот на претстојните претседателски избори, особено кај про-опозициски ориентирани новинари, активисти, интелектуалци, со цел да не се достигне цензусот.
Овој повик, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски го разбира, но не го оправдува, бидејќи целта не е да пропаднат претседателските избори. – ВМРО-ДПМНЕ е политичка партија која што сака да одлучува и да победува. За да може да одлучува и да победува мора да учествува. Во спротивно која е поентата на постоење на ВМРО-ДПМНЕ. – рече Николоски за „Лидер“ и објасни дека целта на политичките партии е да учестуваат на изборите и да дојдат на власт. Потпретседателот на најголемата опозициска партија кажа дека нивната цел е да победат на изборите, затоа бојкотот не е решение. – Наша цел е да победиме на претседателските избори, наша цел не е претседателските избори да пропаднат. Наша цел е да победиме на претседателските избори и ќе победиме на претседателските избори. – одлучен е Николоски. Според него, бојкотот се иницира од граѓани кои што се пред се револтирани од се што и се случува на државата, што е далеку од нормално. Николоски додаде дека револтот, граѓаните треба да го насочат со тоа што ќе гласаат за кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ на претседателските избори. |