|
||||
Чујте вие неразбрани трговци – ова е Македонија, ние сме Македонци |
Комити: Чујте вие неразбрани трговци – ова е Македонија, ние сме Македонци (ФОТО)Македонскиот ракометен првак Вардар на првиот домашен меч во Лигата на шампионите во 2019 година против Веспрем загуби со 27-29 (16-11) и падна од второто место во групата „А“ во ракометната елита. Прво име кај Веспрем беше Лекаи со седум гола, Наѓ даде шест, а Ненадиќ постигна четири гола, додека кај Вардар, Дисингер даде пет, а Скубе и Стоилов завршија со по четири гола. Во наредното коло од Лигата на шампионите, кое е закажано на 23 февруари, Вардар гостува кај Кристијанштад, додека Веспрем ќе му биде домаќин на Мешков Брест. Комитите на овој меч излегоа со транспарент на кој пишуваше „Чујте вие неразбрани трговци, ова е Македонија, ние сме Македонци“. |