|
||||
Да, јас сум надвор од Заевиот концепт за вработување партиски другари, роднини и пријатели! |
ГОРДАНА СИЛЈАНОВСКА МУ ОДГОВОРИ НА ЗАЕВ: Да, јас сум надвор од Заевиот концепт за вработување партиски другари, роднини и пријатели!На нaвpeдитe и етикетите кон мене им се придружи и премиерот, реагираше денеска кандидатката за претседател на државата од ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова преку својот Фејсбук профил. Реакцијата се однесува на денешните изјави на премиерот Зоран Заев. Јас сум надвор од неговиот концепт на живот во кој работа има само за децата на неговите министри и владини функционери. Надвор сум од неговиот концепт за живот во кој тендери има само за неговите соработници, пријатели, роднини и партиски другари. Не сакам да бидам дел од концептот во кој живеењето значи од Фондот за пензиско и инвалидско осигурување да исчезнат 19 милиони и никој да не одговара. Да, јас сум надвор од моралните норми во кои во сообраќајка загинаа 15 луѓе а никој не презема политичка одговорност за трагедијата, напиша Силјановска на својот ФБ. |