|
||||
Социјалистите ја поддржаа Силјановска: Таа е кандидатот што обединува |
Социјалистите ја поддржаа Силјановска: Таа е кандидатот што обединуваСоцијалистичката партија на Македонија изрази задоволството од изборот на професорката Гордана Силјановска-Давкова за кандидат за претседател на Републиката, имајќи ги во предвид меѓусебните коалициони разговори, кои претходеле за профилот на личноста со изграден авторитет, знаење и способност, односно личност која ќе може да ги обедини сите граѓани во Македонија. „Ние сметаме дека нејзиниот избор е резултат и на изграденото внатрепартиско единство и сплотеност, како и на коалиционото разбирање и взаемно почитување. Особено што за избраниот кандидат безрезервна поддршка изразија и останатите, не помалку квалитетни кандидати, со што ја покажаа својата висока свест, морал и ширина, препознавајќи ги повисоките интереси и цели. Сето тоа претставува и потврда на највисокиот степен на демократски капацитет изразен на самата конвенција. Покажана е зрелост, сериозност и пред сè одговорност за националните и државните интереси, како предвесник за нужните промени кои ќе се случат“, велат од СПМ, која е коалициски партнер на ВМРО-ДПМНЕ. Социјалистите ги повикаа сите демократски и слободољубиви граѓани на Македонија на обединување и поддршка на личноста со неспорен интегритет, со вредности и принципи за правда и праведност кои никогаш нема да ги напушти. „Таа, како искрен родољуб, нема да го погази Уставот и законот и ќе ги сруши етничките бариери, ќе ги надмине внатрешните подделби, обединувајќи ги спротивставеностите“, нагласуваат од партијата. |