|
||||
Гордана Силјановска Давкова е сосема спротивното од Зоран Заев |
Нелоски за Силјановска Давкова:Најважното е што таа ќе биде мајка на целата нација и на сите граѓани на Република Македонија
Гордана Силјановска Давкова е сосема спротивното од Зоран Заев. Зошто? Затоа што таа има конзистентност во своите ставови, има принципи, се води по владеењето на правото и едно од најважните нешта во нејзиниот живот е Уставот на Република Македонија. Ова се сосема спротивни ставови од Зоран Заев, тој најверојатно бара свој кандидат кој што нема да му значи ништо Уставот, кој што ќе излегува на телевизија во вторник ќе зборува едно, во среда ќе зборува друга, а веќе во сабота ќе прави трето, истакна членот на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Владимир Нелоски во вечерашното гостување во емисијата Отворено, на ТВ Алфа.
Според Нелоски, загрижува однесувањето на Заев бидејќи постапува непринципиелно кон Албанците со неговите популистички проекти кои ги најавува во општините каде што поголем број на граѓани се од албанска националност. Нелоски потенцираше дека кандидатот за претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова, не е националист како што сакаат да ја прикажат, додавајќи дека таа е родољуб којa што ја сака татковината и којa што може да биде претседател на сите граѓани на Република Македонија, без разлика на етничката или политичката припадност. -Сметам дека не е националиста, напротив родољуб и човек кој што си ја сака татковината, а само таков човек може да биде мајка на целата нација и на сите граѓани, а не само на Македонците или Албанците, на ВМРО-ДПМНЕ или пак на СДСМ, вели тој. |