Среда, 20 Февруари 2019    PDF Печати Е-пошта
Секој поминат ден со криминалниот картел на чело на државата е дополнителен ризик за граѓаните
alt

Неспособноста и неодговорноста на СДСМ, Зоран Заев и Оливер Спасовски ја плаќаат граѓаните со своите животи

СДСМ, Зоран Заев и Оливер Спасовски се неспособни и неодговорни , а нивната неспособност граѓаните ја плаќаат со своите животи.

Состојбата со безбедноста во сообраќајот е катастрофална. Граѓаните секојдневно гинат додека на Спасовски и Заев прв приоритет им е доделувањето на монополскиот бизнис со испитните центри на фирми без никакво искуство кои го исполниле единствениот критериум, а тоа е блискоста со картелот на власт.

Оливер Спасовски ниту врши контрола, ниту го интересира безбедноста на граѓаните.

Хаосот на подрачјето на СВР Тетово кулминира.

Пред два дена во село Доброште, Тетовско црниот биланс беше две жртви во сообраќајна незгода.

Се возат нерегистрирани автомобили, се врши несоодветен технички преглед, не се почитуваат сообраќајните правила, а Спасовски не реагира.

МВР е во хаос, а непостапувањето завива десетици семејства во црно.

Се уште нема официјални информации за катастрофалната несреќа во која животот го загубија 15 граѓани.

Спасовски мора да одговори пред граѓаните дали и зошто на станицата за технички прегледи „Авто мото здружение“- Гостивар, чиј сопственик е сопственикот на „ Дурмо турс “ откако и била одземена дозволата за работа од страна на МВР, потоа и била вратена за неполна недела дена, иако според закон тоа не можело да се случи за период пократок од 30 дена?

Поради кои причини е одземена дозволата за работа на техничкиот преглед каде регистрација врши „ Дурмо турс “ и по кои основи истата е вратена?

Кој го потпишал решението за враќање на дозволата за работа, иако постоела законска пречка, Но и дали се вршени регистрации во рокот кога техничкиот преглед немал лиценца?

Уште колку животи треба да згаснат за Спасовски конечно да преземе одговорност?

Граѓаните немаат информации, што е причина за несреќата, ниту пак околностите во кои настанала.

Граѓаните како и семејствата на загинатите и повредените очекуваат одговор од Спасовски и одговорност за трагичната несреќа.

Што побргу си заминат Спасовски и Заев, побргу ќе заврши и хаосот кој го креираа.

Секој поминат ден со криминалниот картел на чело на државата е дополнителен ризик за граѓаните.

ВМРО-ДПМНЕ

 

На прво место

News image

Не го прави тоа што несакаш тебе да ти го направат!

Унија на Ветерани на ВМРО-ДПМНЕ Остро го осудува вандалското однесување на мала група хулигани ког...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.