|
||||
Нелоски: Силјановска ќе биде мајка на нацијата, таа го почитувала и ќе го почитува Уставот |
Нелоски:Силјановска ќе биде мајка на нацијата, таа го почитувала и ќе го почитува Уставот
Фокусот им е кон нашиот претседателски кандидат, Гордана Силјановска и тоа е добро. Нејзините ставови се и ќе бидат согласно Уставот на Република Македонија. Таа има студенти Албанци, нејзиниот асистент е Албанец. Таа покажала и докажала дека нема ништо против никого и таа ќе биде мајка на нацијата, рече Владимир Нелоски член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ гостувајќи на телевизја АлсатМ.
Нелоски посочи дека СДСМ бега од предвремени парламентарни избори за да не се случи гласање за неколку секунди кака што се случи на референдумот, а според него СДСМ само се обидува да им се доближи на албанските гласачи зошто гледа на нив единствено како гласачи. -Не можам, а да не се плашам што ќе се случи на вториот круг на изборите, зошто знам што се случуваше на 30 септември се гласаше за 2,4 секунди. Мислам дека ова не е реално, рече Нелоски. |