|
||||
Преспанскиот договор на Грција не ѝ дава ексклузивно право врз историјата на Македонија! |
Екслузивно интервју со Робин О Нил, поранешен медијатор во грчко-македонскиот спор: „Преспанскиот договор на Грција не ѝ дава ексклузивно право врз историјата на Македонија!„Преспанскиот договор веќе доведе до одобрување за прием на Македонија во НАТО, и се надевам дека сега ќе биде направен напредок во пристигнувањето на Македонија за влез во Европската унија. Македонија да го заземе заслуженото место во заедницата на европски нации.Ова е развој што се надевав да го видам уште од мојата мисија во Македонија во 1992 година. “ ПРАШАЊЕ: Кои се последиците од промената на името на државата Македонија во државата Северна Македонија? Дали промената во името на државата Македонија е крај или е почеток на дестабилизација на Балканот? Дали Преспанскиот договор ќе донесе мир или војна на Балканот? Робин О Нил: Преспанскиот договор и одлуката на Владата и Парламентот на Македонија да го сменат името на државата во Република Северна Македонија, бидејќи тоа и овозможува на една земја кон која чувствувам длабока наклоност да го заземе нејзиното целосно и неспорно место во меѓународната заедница и во балканскиот регион. Му честитам и на господинот Метју Нимиц за успешното завршување на преговорите, на кои тој посвети многу години и огромни напори. Тоа е големо достигнување, а и Грција и Северна Македонија и сите членки на Обединетите нации му должат голема благодарност. Несомненото постоење и позицијата на Северна Македонија ќе придонесат за стабилноста на Балканот. Нејзините граници сега се неприкосновени, сега се воспоставени кооперативни односи со Грција, и сега може да работи со своите соседи во полза на регионот како целина. Последното нерешено прашање од распадот на поранешна Југославија сега е решено и Преспанскиот договор ќе обезбеди мир на Балканот. Преспанскиот договор не создаде нова нација, тоа и даде ново име на нацијата ПРАШАЊЕ: Дали е новата нација создадена со Преспанскиот договор и дали Атина навистина добива ексклузивно право во античката историја на Македонија, која за првпат во историјата ги окупирала Балканските војни 1912/1913? Робин О Нил: Преспанскиот договор не создаде нова нација, тоа и даде ново име на државата. Името на Македонија беше сосема соодветно за една од државите на сојузната Југославија, а според мое мислење и онаа на истакнати меѓународни правници, новата независна република имаше право да користи било кое име по свој избор. Но, ова доведе до појава на меѓународните политички проблеми со кои се соочувавме скоро 30 години, и беше покажано одлично државништво од страна на лидерите на Грција и на Македонија, кои се согласија за склучување на договорот во Преспа. Кога се обидов да го решам проблемот со името на Македонија во име на Европската заедница во 1992 годинa, имав можност да предложам договор за ново име „Република Македонија (Скопје)”. Ова беше отфрлено од страна на тогашната грчка влада, со образложение дека никогаш не би можеле да го прифатат зборот Македонија во името на државата. На советникот на грчкиот премиер во тоа време му кажав дека ако го отфрли ова, конечното решение, колку и да е одлагано, би било прифаќање на зборот Македонија во името на републиката. Тоа е она што сега се случи, и со задоволство можам да кажам дека името „Република Северна Македонија” го гледам многу појасно од „Република Македонија (Скопје)”, иако разбирам зошто претседателот Глигоров беше подготвен да го понуди овој компромис на Грчка влада во 1992 година. Преспанскиот договор на Грција не ѝ дава ексклузивно право врз историјата на Македонија. Постои заедничка историја во регионот која треба да ја прифатат двете страни, и ова е експлицитно признато во Спогодбата, на пример во членот 7, и во признавањето на македонскиот јазик. ПРАШАЊЕ:Дали сте убедени во тврдењето дека Преспанскиот договор ги отвора изгледите за мир и стабилизација на Балканот, во услови кога грчката официјална влада и опозицијата продолжуваат да го негираат постоењето на македонска држава и македонски јазик.? Робин О Нил: Верувам дека Преспанскиот договор нуди извонредни перспективи за мир и стабилност во балканскиот регион. Сега и Грција и Северна Македонија треба да работат за да ја реализираат оваа реалност. Како што реков, договорот експлицитно го признава, на пример, македонскиот јазик. Функционална федерализација на Македонија, е во целосна надлежност на Северна Македонија… ПРАШАЊЕ:. Лидерот на Нова Демократија, Киријакос Мицотакис, по ратификувањето на Преспанскиот договор, објави грчко вето за Република Северна Македонија во сите фази на процесот на преговори за членство во ЕУ, што е дополнително уценување. Вашиот коментар? Робин О Нил: Постои обврска на сите стани во меѓународен договор, како што е Преспанскиот договор, да се спроведе во добра волја. Членот 2 од Договорот потврдува дека Грција ќе го поддржи отворањето на пристапните преговори за членство во Европската унија на Северна Македонија, веднаш по ратификацијата на Договорот од страна на Северна Македонија. Грција, исто така, ќе го поддржи нејзиното членство во НАТО. ПРАШАЊЕ:. Дали Бугарија ќе го преќинее процесот на преговорите за членство во ЕУ со дополнителна уцена на Македонија во врска со негирањето на постоењето на македонскиот народ и македонскиот јазик. Бугарската официјална влада и опозицијата продолжуваат и покрај договорот за пријателство, со грда контроверзност во врска со постоењето на државотворноста на македонската нација и постоењето на македонскиот јазик. Робин О Неил: Не верувам. Членството во Северна Македонија во Европската унија ќе биде од голем интерес за Бугарија. ПРАШАЊЕ:. Дали Албанија ќе притисне за функционална федерализација на Македонија со инаугурација на албанскиот јазик за еднаков службен јазик, како и македонскиот јазик? Робин О Нил: Овие прашања се во целосна надлежност на Северна Македонија. ПРАШАЊЕ:. Дали се оспорува државноста на македонскиот народ и основната детерминанта на идентитетот – македонскиот јазик, и дали е тоа солидна основа за латентен конфликт во иднина, имајќи предвид дека негирањето на македонскиот народ и неговата државност во Македонија е „јаболко на раздорот” и денес во втората деценија, 21 век, што беше причина за две балкански војни проследени со две светски војни на теренот во Европа! Вашиот коментар? Робин О Нил: Сега имаме утврдени граници во Европа и држави кои се универзално признати. Ситуацијата денес не е онаа на почетокот на дваесеттиот век во времето на распадот на Отоманската империја. Правото на национално самоопределување е еден од основните принципи на Обединетите нации. ПРАШАЊЕ: Вашата Порака? Робин О Нил: Многу сум среќен дека спорот што секогаш беше помалку поврзан со политичката реалност отколку со популарноста, искрено националистичко чувство, понекогаш предизвикано од причини за партиска политичка предност, сега е решен. Се почувствував привилегиран што ими беше доверен обидот за наоѓање на решение во раните 1990-ти. Во тоа време не постоеа политички околности тоа да успее. Лично, силно верував дека народот на Македонија имаше право на свој идентитет како Македонци признати во името на нивната држава, а исто така и дека државата имаше право според меѓународното право да го избере своето име. Јас го задржав тоа гледиште во текот на изминатите дваесет и седум години, и се надевав дека тоа ќе доведе до придвижување од страна на грчката влада. Но, отсекогаш сум ја гледал предноста на преговорите, како и неопходеноста за компромис со цел да се стави крај на ќор-сокакот за ова прашање. Новото име на „Република Северна Македонија” го признава македонскиот идентитет, претставува почит на државништвото на лидерите на двете држави и работата на господинот Нимиц, и сега е можно да се надеваме на поголема стабилност на балканскот регион и на Северна Македонија која го зазема заслуженото место во НАТО и во Европската унија, во корист на Европа како целина. Серијал: „Секој за и околу Македонија“– проект посветен на прашањето за името, идентитетот и јазикот на Македонците Автор : Слободан Томиќ |