|
||||
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски оствари средба со Амбасадорот на Чешка |
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски оствари средба со Амбасадорот на Чешка во Република Македонија, Мирослав ТоманПретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денес (22 февруари 2019-та година), заедно со меѓународниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски остварија средба со Амбасадорот на Чешка во Република Македонија, Мирослав Томан. На денешната средба се разговараше за повеќе теми како и за актуелните политички случувања во Република Македонија. Мицкоски го информираше амбасадорот за последните случувања кои се случија изминатите денови. За политичката тортура која ја применува власта врз опозицијата. Претепувањето на Миле Јанакиески и Спиро Ристоски е акт на деспотизам и страв на власта која се плаши од неминовниот пораз од граѓаните. Животите на луѓето кои се во притвор поради политичките процеси се загрозени, а власта се обидува со манипулации да одбегне одговорност. Нема друга држава во светот каде власта така брутално се пресметува со опозицијата и со граѓаните, истакна Мицкоски. Тој истакна дека потребен е јавен обвинител на предлог на опозицијата кој ќе ги расветли сите коруптивни и криминални активности, и воедно ќе обезбеди спроведување на правдата и правната држава. ВМРО-ДПМНЕ |