Вторник, 26 Февруари 2019    PDF Печати Е-пошта
Иванов до СДСМ: Голема иронија е што СДСМ се дрзнува да ме обвини за недомаќинско работење

altИванов до СДСМ: Голема иронија е што СДСМ се дрзнува да ме обвини за недомаќинско и неодговорно работење

Кабинетот на претседателот на Реублика Македонија, д-р Ѓорге Иванов во целост ги демантира наводите во денешното соопштение на СДСМ, за кои сметаат дека се тенденциозни и со злонамерно извртување на фактите се прави обид да се дискредитира институцијата претседател на Република Македонија.

Во продолжение интегрално Ви ја пренесуваме реакцијата од кабинетот на Претседателот Ѓорге Иванов:

Голема иронија е што СДСМ се дрзнува да го обвинува претседателот Иванов за недомаќинско и неодговорно работење, кога речиси секојдневно македонската јавност се шокира со бројните скандали и пропусти, предизвикани токму од нив.

Сметаме дека станува збор за уште еден очаен обид за напад врз претседателот Иванов, со цел да се пренасочи вниманието на јавноста од неморалното и несовесното работење на владејачката партија.

Голема лага се наводите дека претседателот Иванов нарачува над 700 сувенири со своето име, за сопствена промоција и маркетинг.

Вистината е дека во јавната набавка се предвидени само 50 марами и 100 вратоврски со името на претседателот Иванов, кои се наменети како протоколарен подарок за странски делегации и гости, до завршување на мандатот на претседателот Иванов.

Уште поголема лага се наводите дека Кабинетот на претседателот на Република Македонија постапува неодговорно, со недомаќинско работење испротивно на интересите на граѓаните и државата.

Со цел правилно информирање на пошироката јавност укажуваме дека станува збор за годишна набавка на репрезентативни подароци, што се реализира врз основа на годишен план, а како востановена практика на сите претходни претседатели на Република Македонија и речиси насекаде во светот. Јавната набавка опфаќа протоколарни подароци, што се набавуваат во согласност со протоколарните активности на претседателот, вклучувајќи посети на странски делегации, како и возвратни посети на странски држави.

Укажуваме дека наведениот износ од Договорот за јавната набавка претставува планирана вредност на јавната набавка, односно не се исплаќацелиот износ наведен во договорот, туку по фактура за извршената услуга. Следствено на ова, следниот претседател на Република Македонија на почетокот на својот мандат ќе има на располагање репрезентативни подароци, продолжувајќи да ja искористува јавната набавка.

Досегашните јавни набавки на Кабинетот на претседателот се извршени на максимално транспарентен начин и во согласност со сите законски регулативи и истите се транспарентно и јавно објавени.

Ова го потврдуваат и ревизорските извештаи за работењето на Кабинетот на претседателот спроведени од страна на Државниот завод за ревизија, стои во реакцијата од кабинетот на Претседателот Иванов.

Извор: kurir.mk

 

На прво место

News image

Не го прави тоа што несакаш тебе да ти го направат!

Унија на Ветерани на ВМРО-ДПМНЕ Остро го осудува вандалското однесување на мала група хулигани ког...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.