Вторник, 05 Март 2019    PDF Печати Е-пошта
МАКЕДОНЦИТЕ ВО КАНАДА ЈА ОТФРЛААТ НЕЗАКОНСКАТА ПРОМЕНА НА ИМЕТО НА ДРЖАВАТА МАКЕДОНИЈА!

canada 1

МАКЕДОНСКА ЗАЕДНИЦА ВО КАНАДА

МАКЕДОНЦИТЕ ВО КАНАДА ЈА ОТФРЛААТ НЕЗАКОНСКАТА ПРОМЕНА НА ИМЕТО НА ДРЖАВАТА МАКЕДОНИЈА!

5 март 2019 година, Торонто, Канада

- Владеењето на правото, демократијата, човековите права и почитувањето на волјата на народот се вредности од кои се раководат западните земји. За жал, овие вредности брутално се прекршени во процесот наметнат на Република Македонија, а со цел промена на името, идентитетот и историјата на Македонија и на Македонците во светот. Истото се однесува и во деловите на Македонија поделени во 1913 година помеѓу Србија/Југославија (сега суверена држава Македонија), Бугарија, Грција и Албанија.

Македонците не го прифаќаат бришењето на еден цел народ заради реализација на желбите на нашите угнетувани и задоволување на целите на западниот империјализам. Тоа е неприфатливо за секој кој тврди дека ги почитува човековите права!

Врз основа на ова, Македонската зедница во Канада ја утврди следната декларација:

(1) Се осудува секоја употреба на незаконски наметнатото име “Северна Македонија“ и расистичкото именување “Северни Македонци“ наместо Република Македонија и Македонци;

(2) Се отфрла употребата на актуелното државно знаме со 8-зрачно сонце, донесено по барање на најголемиот угнетувач на Македонците - Грција. Ова знаме ќе биде отстрането од сите македонски цркви и објекти и од сите македонски настани во Канада;

(3) Се отфрла секој обид за промена на името на Македонската Православна Црква, вклучувајќи ја замената на името на МПЦ со “Охридска Архиепископија“;

(4) Сите претставници на нелегалниот режимот на Зоран Заев се прогласуваат за непожелни persona non grata во Македонската заедница во Канада;

(5) Од меѓународната заедница се бара итна одбрана на името на државата Македонија и идентитетот на Македонскиот народ;

(6) Од македонските политичари се бара веднаш да престанат со било какви отстапки пред нашите угнетувачи; и

(7) Од македонските политичари се бара да ја спречат промената на името Македонија.

Не прифаќаме ништо друго освен почитувањето на нашето вековно македонско име, идентитет, етничка припадност и историја, и нема да толерираме никаков обид за нивно поткопување.

Нашето Име е Македонија!

Потписници на оваа декларација во моментот на нејзината објава по азбучен ред се: Андон Лазов Јанев Ќосето; Здружението на македонските деца бегалци од Егејскиот дел на Македонија; Добротворното здружение Баница, основано во 1911 година во Торонто; Леринското околиско македонско културно здружение во Канада; Македонскиот академски совет; Македонскиот хуманитарен детски фонд; Македонското меѓународно движење за човекови права; СНС Македониум - Торонто; Македонската православна црква “Свети Климент Охридски” во Торонто; Македонската Православна Црква “Свети Димитрија Солунски” во Маркам; Македонскиот православен манастир “Свети Илија” во Торонто; Македонската Православна Црква “Свети Наум” во Хамилтон; Македонската православна црква “Света Недела” во Ајакс; Организацијата Обединети Македонци во Канада; и Светскиот Македонски Конгрес - Канада. Листата на потписниците на оваа декларација ќе се ажурира, имајќи предвид дека македонските организации во Канада секојдневно пристапуваат кон нејзино потпишување.

Македонците во Канада - обединети во одбрана на нашето име Македонија!

 

На прво место

News image

Не го прави тоа што несакаш тебе да ти го направат!

Унија на Ветерани на ВМРО-ДПМНЕ Остро го осудува вандалското однесување на мала група хулигани ког...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.