|
||||
СТЕКНАТО ПРАВО кај нас често се користи погрешно и не е исто со поимот ИНХЕРЕНТНОТО ПРАВО |
СТЕКНАТО ПРАВО кај нас често се користи погрешно и не е исто со поимот ИНХЕРЕНТНОТО ПРАВО. Овде пред се мислам на некој политичари кај нас. Можеби е од корист некој да им укаже на битните разлики меѓу овие два правни појма. СТЕКНАТО ПРАВО кое често се користи кај нас за објаснување на проблемот со името не е исто со поимот ИНХЕРЕНТНОТО ПРАВО, односно ова последно право е правилно преведно „вродено право”, но во меѓународното право ова е есенцијално повисоко задолжително право, кое се изедначува со ius cogens. ИНХЕРЕНТНОТО ПРАВО секогаш има ИМПЕРАТИВЕН КАРАКТЕР! СТЕКНАТО ПРАВО, може но и немора да има ИМПЕРАТИВЕН КАРАКТЕР! Пример, ИНХЕРЕНТНО ПРАВО се однесува покрај на националното име и националниот или државноправниот идентитет и на правната способност на држава да склучува договори и да биде правно лице, па и на овие принципи од меѓународното право: 1. правната еднаквност и суверената еднаквост на државите и во ОН, но и надвор од ООН (независно дали државата е членка на ОН или не е односи се базираат на суверената и правна еднаквост), 2. Политичката независтост и сите правни капацитети на една држава, а ваков субјект мора да биде суверено лице, бидејќи сувереност е неопходен елемент на државноста (исто така независно дали државата е членка на ОН или не односно секоја држава мора ако е суверена да биде политички независна и мора да ги има основните правни капацитети за независното делување), 3. Држава има право на немешање во внатрешната јурисдукција од другите држави, независно дали се членки на ОН или не се. Дури и кога една држава е членка на ООН самата Организација на ОН нема право, а истото важи и за секоја држава членка на ООН, да се меша во ватрешната јурисдикција на другата држава. Оваа внатрешна јурисдикција се однесува на Уставен и политички поредок, сите правни капацитети на државата и секоје право кое е израз на суверената воља на народот, 4. Правото на самоопределување е исто инхерентното право које е правно кодифицирано во Повелбата на ООН како колективното народно право (чл. 1 и чл.55), но ИНХЕРЕНТНОТО ПРАВО на „самооредување” кое произлегува од колективно право на самоопределување се однусува и на држави, како државно право и исто така како претходното колективно чевеково право кое се однесува на народи, ваквото државно право на самооредување (self-determination) е ius cogens и претставува посебно инхерентното право, 5. државноправниот идентитет (името) е оттаму, како основ елемент на правниот субјективитет е ИНХЕРЕНТНОТО ПРАВО како и изборот на името, а истото се однесува и за сувереноста во поглед на НАЦИОНАЛНИОТ ИДЕНТИТЕТ кои опфака и сфера на човековите права (колективни права) кои се од типот на ius cogens. Со други зборови ИНХЕРЕНТНОТО ПРАВО на една држава вклучува или ги опфаќа сите овие ius cogens норми и секоја од овие норми содржи права кои се инхеретно содржи од моментот кога една држава почнува да функционира како суверен и независен политички и правен субјект во меѓународни односи и правен меѓународен промет. Проф. др Игор Јанев |