Петок, 08 Март 2019    PDF Печати Е-пошта
Граѓаните ќе го победат Заев и Пенадровски и сите црни сценарија кои ги пишуваат на Бихаќка
alt
Мицкоски од Гостивар

Граѓаните ќе го победат Заев и Пенадровски и сите црни сценарија кои ги пишуваат на Бихаќка

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска оствари средба со членовите и симпатизерите на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Гостивар.

Мицкоски од граѓаните побара масовно да се излезе на 21 април и да се даде целосна поддршка на кандидатот за претседател на Република Македонија Проф. д-р Гордана Силјановска Давкова, односно како што рече тој е силно убеден дека токму Силјановска Давкова има големи шанси да биде следниот претседател на Република Македонија.

Тој потенцираше дека заедно сплотени сите граѓани ќе го победат Зоран Заев и Стево Пендаровски и нивното сценарио кое што го припремат на Бихаќка, додавајќи дека целта на ВМРО-ДПМНЕ е сосема поразлична Македонија која што ќе биде достоинствена и горда, а не ваква како што ја прави СДСМ и Зоран Заев понижена и омаловажена држава.

Македонија која што ќе биде дело на правото и правдината, Македонија која што ќе биде принципиелна, а не лажлива како што е сега. Македонија која што ќе биде економски технолошки тигар, а не вака осиромашена и опустошена како што е сега. Македонија која што ќе биде горда и достоинствена а не вака понижена и омаловажена, вели Мицкоски.

alt

Претседателот Мицкоски додаде дека во моментот економската состојба во Република Македонија е катастрофална, бидејќи СДСМ единствено што знае да работи е да ги осиромашува граѓаните и државата, а на сметка на тоа да се богатат претставниците на криминалната власт.

Денес се објави БДП за 4-тиот квартал и практично многу лесно може да се извади БДП за цела 2018 година. Последна е. Пoследни сме во регионот и по растот и по бројките и по параметрите. Од тие 5 проценти од првиот месец откако станаа власт заклучно со 2018 година вкупниот раст на македонската економија е едвај скромни 2 проценти. Луѓето кои што се занимаваат со економијата, велат никакви реформи, никакви интервенции, ќе имате раст најмалку 3 проценти ако економијата по инерции се движи. Е овие успеа и тие 3 проценти да ги намалат на 2 проценти. Два и пол пати помалку од ветените 5 проценти и затоа вчера предложив да се воведе дело во кривичниот и прекршочниот законик изборна измама, изјави тој.

На крај, Мицкоски побара да се отворат сите криминали од СДСМ, нагласувајќи дека граѓаните треба да ја знаат вистината и дека во Република Македонија не смее да има селективна правда.

Ми велат ајде да збориме за СЈО, ајде да збориме ама ајде да збориме и за транзицијата, да збориме и за ТАТ, да збориме за уништените стопански капацитети приватизирани и опљачкани. Ајде да збориме како го продадоа Електростопанство и како се пренесуваа куферчиња преку граница. Ајде да збориме и за Телеком, ајде да збориме и за ОКТА. Ајде и за тоа да збориме. Ајде да збориме и за Глобал и евро принципот, ајде за се да отвориме и да збориме што ги маи нашите граѓани, зошто да имаме селективна правда, рече Мицкоски.

alt

ВМРО-ДПМНЕ

 

На прво место

News image

Не го прави тоа што несакаш тебе да ти го направат!

Унија на Ветерани на ВМРО-ДПМНЕ Остро го осудува вандалското однесување на мала група хулигани ког...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.