|
||||
Велепредавство е кога владин функционер, за време на своето владеење работи или пропагира против својот народ и држава |
Манојил (Мане) Јаковлески Предавство или велепредавство не се разликите во мислата, говорот и уверувањето. Тоа е богатство на општеството, во тоа е смислата на демократијата. Се разбира, антидемократски е квалификацијата предавник за сите што различно мислат, говорат и имаат свое спротивно уверување од било која власт. И во Македонија, како и во секое демократско општество, не е предавство или велепредавство разликите во мислата, говорот или уверувањето. Тоа е здраво демократство општество. Велепредавство е кога владин функционер, за време на своето владеење работи или пропагира против својот народ и држава. Тој што Ве предал поради материја, на пример пари или власт, или и едното и другото. Во кривичното законодавство, современите општества изградиле институт велепредавство. Тој што полагал заклетва дека нешто ќе штити и брани по Устав и закон, а поради интерес, ја погазил заклетвата и прешол на другата страна. Степенот на одговорност го квалификува делото на предавство или велепредавство. Таквите функционери се судат по редовна постапка, а понекогаш им се пресудува смртна казна, во редовна или итна постапка. |