|
||||
Да не дозволиме Заев да ја менува историјата, туку тој да стане историја |
Да не дозволиме Заев да ја менува историјата, туку тој да стане историјаИнтегрален текст од говор - Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани граѓани, драги пријатели, Славко Јаневски напиша: „Тиквешко негде, в некое село, кај в слана тивко венеше цвете, - убија дете“. Не смееме да ги игнорираме пораките кои ни ги оставиле нашите големи луѓе. Мора да одиме напред, но со сето искуство и знаење собрано од минатото. Овие денови ги гледам од Владата во налет да му ја спасат фотелјата на Зоран Заев оркестрирано пишуваат обезбедиле иднина. А да прашам јазикот, а идентитетот, а историјата, нашите цивилизациски придобивки на нашите предци кои ги жртвувале своите животи на вистинската страна на историјата? На кому обезбедиле иднина и каква иднина? За да обезбедат иднина треба да ја согледаме реалноста, а тоа е држава во криза, живот на рати и опасна политика на поделби, откажувања. Зиран Заев не е во можност себе си да си обезбеди иднина, а не пак на Македонија и народот. Заев станува изолиран со тесна клика на платеници и клиентелисти и во лична битка за задржување на фотелјата наместо во битка за спасување на државата. Ова е лудоста на еден човек наспроти разумот и достоинството на цела нација. Ова е конфликтот на еден човек наспроти на пријателството помеѓу два народи, овде проблемот е Заев и неговото отсуство на кичма. Заев е подготвен да ја плати секоја цена, ама тоа ако може да го плати со туѓи синови и ќерки, и на туѓ грб само за да ја спаси својата кариера, а таа кариера нему му обезбедува власт и пари. Сето она што го кажа во интервјуто за бугарскиот медиум, ретуширање на историјата, откажување од слободарското антифашистичко наследство, од правото на македонско малцинство, од нашите херои, се работи на кои претходно предупредив дека Зоран Заев кога бил опозиционер ги ветил на соседна Софија. Но тогаш како и секогаш претходно кога предупредував на ова, на големите порази кои ги навестуваше Заев, тие одговараа дека тоа не било ништо друго освен во главата на вмровците. Но еве не било така. И сега имаме искуство и да не дозволиме репризи на неговите предавства. И денес навестувам дека Зоран Заев подготвува национален пораз, но од секој од нас зависи дали тоа ќе го промениме. Јас како човек и поединец можам да направам многу работи, но сите заедно, сплотени еден до друг можеме да направиме се. И за оваа битка драги пријатели потребен е народ. Младо и старо, машко и женско треба да се одважи и да се спротивстави. Ако сега во овие часови, денови не излеземе и не се спротивставиме ќе биде предоцна. И ова морам да ви го кажам гласно и јасно за да бидеме на чисто. Ако сега не излеземе и дадеме отпор подоцна ќе немаме право да велиме зошто не ги променивме работите. Сега можеме а за тоа е потребен секој еден од вас. Сега за да не биде предоцна. Сите кои имаме разлики и забелешки едни кон други мораме да ги заборавиме, за да спречиме ново бришење и ново виткање на кичма. Ако сега оваа алка од синџирот не издржи, ние ќе го прекиниме континуитетот во нашето постоење. Ако се откажеме од партизаните, ќе се откажеме и од Илинденците, ако се откажеме од нив се откажуваме од столетната борба за слобода. Ако тогаш тоа го направиме во што ни преостанува да веруваме? Вештачките нации и дрвата без корен се осудени на пропаст. Заев не прави разлика помеѓу заедничка и споделена историја и тоа упорно дозволува да се провлекува помеѓу двете држави. А тоа се две различни работи. Ако имаме заедничка историја тогаш сме исти народ. А ние сме два сосема различни народи. Не смееме да молчиме за асимилацијата пред нашите очи. Затоа да не дозволиме Заев да ја менува историјата, туку тој да стане историја. Така ќе ја спасиме и нашата историја и нашето достоинство и само така ќе успееме да обезбедиме иднина. Оставката е неминовна. Сите филмови од овој човек се јасни и веќе видени, и последниот оптимист дури и платен заљубеник во ликот и делото на Зоран Заев го губи оптимизмот зaшто со него само ќе губиме. Поразително е што нема една единствена реакција за навредите испратени на сметка на нашата Македонија од високи политичари со кои Заев се гушкаше во Софија. Се прашувам колку ли смао навреди треба да се истрпат од Каракачанов и Захариева, за да се сети Заев дека овој народ го плаќа и е должен да ги брани неговите интереси, достоинство и чест? Запрашајте се дали има еден премиер на светот кој не би реагирал ако друга земја ја навреди неговата? Е таков е овој наш премиер во заминување. Затоа боли овој срам. Можеме да не дозволиме овој негов срам да стане и наш срам. Да не дозволиме Неговите порази да станат и наши порази. Затоа сите громогласно во еден глас да кажеме доста е! Доста е затоа што на обичниот човек во Македонија му е преку глава од лошиот живот и политиката на порази. Ќе продолжиме да протестираме и мора да дадеме отпор со сета сила и покрај тешките услови. Ќе продолжиме да протестираме по улиците, по градовите за да се одбраниме од неспособноста на Заев. Не е доволно само извинување туку и оставка, влада на национален спас, експертска влада за пребродување на економската, здравствената и политичка криза. Овој наш протест овде денес е повеќе од партиски, овој наш протест е на народот против лошите политики кои носат лош живот и урнисано достоинство. Заедно заедно ќе победиме. Би сакал само уште четири пораки во ова мое денешно обраќање. Првата порака е до политичарите кај нашиот источен сосед. Ако мислите дека измисливте, пронајдовте или подржавте квинслинг или квинслиншка влада овде во Македонија, се лажете, ниту тој квинслинг, ниту оваа квинслиншка валда од нашата колективна меморија и од нашите срца ќе ја избрише улогата, ликот и делото на Даме, на Гоце, на Питу, на Хаџи Арсов, на Хаџи Николов, на Поп Арсов затоа што тие се бореа за нова современа македонска држава. Затоа оваа порака ја упатувам до политичарите кај нашиот источен сосед,, наместо да велите дека Мицкоски предводи анти-бугарска хистерија во Република Македонија, најдобро би било да дојдете овде при првата посета недалеку од зградата на Владата, пред оној споменик на паднатите борци од народноослободителната борба, да клекнете, да го следите примерот на Вили Бранд и да се извините на овој народ тоа што сте му го направиле, ова е вашата последна шанса. А јас како претседател на ВМРО-ДПМНЕ предводам Македонска хистерија и нема да престанам да ја ширам таа македонска хистерија. Сакам втората порака да ја упатам кон меѓународната заедница, сум разговарал со многумина, сум ве гледал во очи, дека вие имате голема сипматија кон овој мал народ и оваа мала држава. Немојте да дозволите некои политичари од земја членка, наместо политика на иднина, да шират политики од среден век, ревизионистички политики, хегемонски политики на големи држави и нации. Немојте да дозволите да се погазат политикитена Де Гаспери, Аденауер и Шуман, ајде да зборуваме за вештачка интелигенција, да зборуваме за почист воздух, ајде да зборуваме и да му помогнеме на овој народ, да и помогнеме на Македонија еден ден да седне со вас на маса во европското семејство, во обединета Европа и да зборуваме за квалитетно образование. Дозволете му на овој народ на отпочне преговори со Европската унија, а овој народ ќе ви врати, ќе ви врати со сето срце и знаење кое го има, и ќе го изоди најбрзиот пат до полноправно членство во Европската унија. Третата порака сакам да ја упатам до овие во Владата, до Зоран Заев, на памет да не ви паѓа да го продавате македонскиот идентитет. Ви ветувам заедно со овој народ овде ова „диво месо“ ќе биде прецизно хируршки отстрането, потоа не само за криминалот и за велепредавство ќе одговарате, јас ви ветувам кога тогаш ќе одговарате. И четвртата работа до македонскиот народ и до македонската нација, до Албанците, Турците, Власите, Ромите, Србите, Бошњаците, Еѓипјаните, до сите наши сограѓани, излезете браќа и сестри и помогнете и на Македонија. Имам информација дека овој викенд се распарчува Македонија во Софија и се преговара за иднината на нашиот идентитет, да не дозволиме и од утре внимателно да ја блокираме Македонија секој нареден ден и да не дозволиме овие луѓе да ни ја продадат верата, нацијата и кожата, тие одамна си го продале својот ген на ѓаволот. Да ни е жива и здрава Македонија ! |