Понеделник, 30 Ноември 2020    PDF Печати Е-пошта
Чашуле: Заев нема допир за реалноста, умислен дека е месија и го чека специјално место меѓу светците, крајот му се испорача со интервјуто за БГНЕС

Чашуле: Заев нема допир за реалноста, умислен дека е месија и го чека специјално место меѓу светците, крајот му се испорача со интервјуто за БГНЕС

Мора да му се застане на патот на Зоран Заев. Тоа што почна во 2017-тата година од неговото доаѓање на власт, односно распродажбата на се што ни е мило и драго во оваа наша и мила Македонија, мора да престане пред да биде предоцна. Очигледно нашиот премиер, мора да го кажам нашиот иако не го чувствувам за свој, но сепак се потпишува како претседател на Владата на мојата држава, нема допир со реалноста. По се изгледа има комплекс на спасител, на пророк кој е испратен тука да ни ги отвори очите, да ги отвори портите кон Европа и како таков го чека специјално место меѓу светците, истакна Коле Чашуле во емисијата „Седмица“.

Чашуле додаде дека не може да верува било кој рационален човек или политичар може свесно да го прави ова што го прави Заев.

-Мислам дека е толку занесен во таа улога на месија што не е свесен тоа што го прави. Да ги тргнеме на страна сите глупости од интервјуто и погледнете ја таа самобендисаност која ја прикажува во разговорот, дека се од него зависи и без него не може и не смее ништо да се случи, рече Чашуле.

Чашуле го цитираше Заев каде што вели дека тој казнува, тој ќе помирува, тој единствено ја разбира историјата,а другите не, тој дава гаранции, тој има мандат од четири години, тој само се може, другите се никој и ништо.

-Изгледа странската поддршка прави чудо од политичарите, појасни Чашуле.

Чашуле кажа дека фамозното интервју за БГНЕС на Заев му го испорача крајот на политичката кариера.

-Фашистичка окупација не смее да се нарекува администрација, тоа е негираше на фашизмот. Тоа е како холокаустот да го наречеш владеење. Тоа е просто недозволиво. Е, сега дали Заев е свесен колку овие негови тези копаат длабоко и болно историските рани, и тоа не по учебниците и спомениците кои што сака да ги менува туку по личните рани на безброј семејства во оваа наша Македонија кои крв пролеале поради бугарската фашистичка чизма. Особено кога секој од нас има некој во семејството, кој страдал од тие окупатори, нагласи Чашуле.

 https://kurir.mk/makedonija/vesti/chashule-zaev-nema-dopir-za-realnosta-umislen-deka-e-mesija-i-go-cheka-specijalno-mesto-megju-svetcite-krajot-mu-se-isporacha-so-intervjuto-za-bgnes/

 

На прво место

News image

Не го прави тоа што несакаш тебе да ти го направат!

Унија на Ветерани на ВМРО-ДПМНЕ Остро го осудува вандалското однесување на мала група хулигани ког...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.