|
||||
Саки, цензорот од Телма телевизија |
Почитувани иако Македонија се наоѓа во една многу незавидна ситуација по однос на Бугарија и нивните големошовинистички барања поради Зоран Заев, сепак сакам да предупредам дека токму Зоран Заев не е сам во неговите напори да сруши се што е македонско. Тука е доста потпомогнат и од другарите наречени новинари. Наместо да се коректив на општествените девијантни случувања они се катализатори на истите.
Овие другари-новинари како тргнале во глорификација на фашизмот дека бил нормална административна организација уште малку ќе почнат да не убедуваат дека: Аушвиц е проект за гасификација на Полска. Ви препорачум со огромно внимание да го изгледате интервјуто на Рашела Мизрахи во Само Интервју од 13.11.2020 година. Како г-ѓа Мизрахи експлицитно објаснува која е улогата на бугарските фашистички сили во прогонот на Евреите од Македонија и како Коминтерната ги спасува во 1945 година од Црвената Армија за да не ја имаат истата судбина како фашистичките Романија и Унгарија. Токму поради тоа започнувам со заклучок дека додека Младен Чадиковски е претседател на ЗНМ: ЗНМ е кратенка од Збунети Новинари на Македонија. Замислете што се ни се случи во овие неколку години кои неможам да разберам по која логика се викаат години на слобода на изразувањето. На кратко да потсетам.
Итн… Има многу да се зборува за неолибералниве и историски неедуцирани новинари туку ги видовте како се исплашија во истиот момент од Бранко. Со бате Бранче нема играње. За секого од нив знае се’. Кој крадел од проекти, кој на кого е љубовник-хомосексуален, кој е кодош за полиција ехеее… Што би се рекло ние од опозицијата за некои од нив може само така од страна да викаме: Немој Бранко жити се? Меѓутоа најсвеж пример на проба за колективна заблуда што се случува на македонскиот медиумски простор е примерот со големиот директор од ТВ Телма, и неговата директна цензура на целата опозиција започнувајќи со забрана на гостување на Христијан Мицковски во емисија каде водител е Оливера Трајковска, а подоцна и од вестите на дневно ниво. Инаку тоа е најнегледаната телевизија во Македонија со рејтинг од само 2,30% во период од 01.06-22.11.2020. Впрочем заедно со другар му Младен Чадиковски од ТВ 24 имаат помалку рејтинг од на пример АлСат, која има рејтинг 5.28%. Многу опасна демократијава. Што е тоа што не разбира Атанас Кировски-Саки во неговата постапка. Тоа се вика ставање здрава нога во трње. Ја цензурира опзицијата, замисли? Така Добродојде во ЕУ другар Саки. Консеквенците кои ќе следуваат во наредните 2-3 години, а заговорници се оние кои премногу ги знаат европските правила ги охрабруваат следниве чекори,:
И уште следниве работи за големиот директор да си ги знае како иде реалноста наречена иднина:
Итн. Жална е оваа Македонија кога има директори како Саки Кировски кој сака да милува политика и да се заканува на политичари од моменталната опозиција. Прво почна со Стевче, па сега продолжува со Христијан. Затоа почитувани господа Јакимовски и Мицковски немате потреба да му се лутите на Андреја Јосифовски, туку да го предупредите дека нема недопирливи газди на телевизии. Само да потсетам. Пред многу години во Македонија фалеше количина на зрнеста прехрамбена култура. Еден министер за економија му даде можност на полубизнисмен да ја набави. После две недели беше приморан поради неуспех на претходниов да му се јави на газда Штерјо Наков. Робата стигна без проблем. Таков ков на директори се и Андреја Јосифовски, Хари Костов итн. Тие се државата. И ние мора да ги негуваме. Без разлика што многумина не ги сакаат. Атанас Кировски-Саки ако сака да се коцка со својот професионален живот може слободно да оди да игра карти, да мава во Адмирал, Сенатор итн, ама нема право да го загрозува опстојувањето на Телма и на сите вработени. Една улична поговорка наменета за Саки: „Не го дигај отпозади, зошто ќе ја добиеш пуна“. Да живее Македонија! Автор: Виктор Грозданов за НетПрес |