|
||||
На вчерашниот протест во Велес се обрати и Весна Атанасовска, член на ИК на Унија на жени на Вмро - Дпмне |
Весна Атанасовска Добра вечер од градот на Гемиџиите, од родното место на Панко Брашнаров, на Коста Солев Рацин, на Џинот, на Миле Поп Јорданов, на Димитрија Чуповски, Петар Поп Арсов, Димитрија Андонов - Папрадишки, Васил Главинов, Андреја Димов Докурчев и други. Сите овие Велешани целиот свој живот го вложија во татковина, за да имаат своја држава, свои права. Тие биле македонците кои кога немале своја држава имале национална кауза, денес ние кога имаме своја независна држава немаме национална кауза. Власта можеби има легалитет, но немаат легитимитет да одлучуваат сами за прашања од национален карактер. За прашања од национален карактер треба национален консензус, тогаш државата оди напред. Кога власта во државата се обидува сама да води битка за вакви горчливи прашање, без притоа да ги консултира, граѓаните, најголемата опозициона партија, експертите, тогаш крајот е самиот почеток. Ние тоа во нашата татковина го немаме, немаме исти ставови за битни прашања и затоа денес имаме протести. Протести во кое си ги браниме нашите црвени линии: Несмееме да преговараме за јазикот, идентитетот и историјата на својот народ. Историјата за Македонската сага е долга колку и името Македонија. Низ вековите таа етнички била угнетувана. Традицијата била таа која како народ не` одржувала и токму преку нејзе сме се осознавале. Но во нас, македонскиот код бил постојано активен и пренесуван од колено на колено за потеклото и својот идентитет. Ние имаме богата историска традиција, свои обичаи, култура и јазик. Кои се наши. Кои се негуваат низ вековите. Нив никој не може да ги условува, ниту може Бугарија да им стави вето. Тоа е нашата македонска традиција која нас ни раскажува за минатото, а на нашите деца ќе им говори во иднина. Овде не се работи за партии. Овде се работи за Македонија, за Илинден и АСНОМ.За она што навистина сме и сакаме да бидеме. |