Четврток, 03 Декември 2020    PDF Печати Е-пошта
Мизрахи: Заев нема мандат да брише историја, оставка под итно

Мизрахи

Пратеничката Рашела Мизрахи денеска на протестот под мотото „Оставка на Заев, слобода на народот“ од пред министерството за надворешни работи порача на граѓаните дека треба да се спротивстават на Зоран Заев и неговите лоши политики и анационализам. Политиките на Заев водат до губење на идентитет, јазик и историја. Ако тоа се изгуби се губи Македонија.

„Денеска не се обраќа Рашела Мизрахи од ВМРО-ДПМНЕ, не се обраќа ниту пратеничката Рашела Мизрахи туку вашата сограѓанка, ќерка, сестра, мајка., жена од Македонија“, истакна Мизрахи.

Мизрахи додаде дека во секој збор од химната на Македонија има тежина. Во секој збор на химната има огромна вистина. А, текстот на химната го напиша Владо Малески.

„Колку ли горди треба да бидат неговите потомци, кога ги читаат овие стихови? Се надевам дека се“, рече Мизрахи.

Мизрахи посочи дека Панко Брашнаров како најстар делегат го отвора првото заседание на АСНОМ. Го отвора заседанието со следните зборови – „Другари и другарки, народни претставители во овој момент, во ова историско место Св. Отец  Прохор Пчински и на овој историски ден Илинден го објавувам да е отворено првото антифашистичко Собрание на народното ослободување на Македонија“.

„Што ли би рекле Илинденците, зарем со нешто заслужија коските да им се превртуваат? И не од поробувачите, туку од оние кои во моментов ја водат државата, која токму Илинденците и Партизаните во Завет ни ја оставија, слободна македонска држава со слободен народен јазик и вековна историја, држава на сите нејзини граѓани“, истакна Мизрахи.

Мизрахи додаде дека овој собир не е против ниту една соседна држава, туку е против Заев и неговата екипа кои ги распродаваат националните интереси за кои живот дале македонските херои. Заев нема мандат да ја брише историјата и да ја пишува тој како што сака. На ова мора да се стави крај час поскоро.

ВМРО-ДПМНЕ

 

На прво место

News image

Не го прави тоа што несакаш тебе да ти го направат!

Унија на Ветерани на ВМРО-ДПМНЕ Остро го осудува вандалското однесување на мала група хулигани ког...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.