|
||||
Денес протести во 20 градови |
Се додека Заев тргува со идентитетот, историјата и јазикот ВМРО-ДПМНЕ ќе биде на улиците, протестираме во 20 градовиПротестираме затоа што Заев ќе ја менува историјата во учебниците, за договарањето на заедничка историја со источниот сосед и тргувањето со историски личности. Протестираме затоа што договор со Бугарија има, но сеуште македонските граѓани не ја знаат цената која треба да ја платат. Денес во Скопје ќе се постават блокади пред Владата на Република Македонија, пред Министерството за надворешни работи и пред Министерството за правда од 16:00 до 17:00 часот. Денешните надпартиски протести за оставка на Заев, слобода на народот ќе се одвиваат во дваесет градови низ Македонија и тоа: Куманово, Тетово, Крива Паланка, Македонска Каменица, Пробиштип, Свети Николе, Велес, Делчево, Кочани, Виница, Пехчево, Берово, Босилово, Неготино, Кавадарци, Кичево, Струга, Охрид, Ресен и Битола. Ги повикуваме сите граѓани да протестираме сега и да се спротивставиме на негаторските политики на оваа власт, пред да биде предоцна! ВМРО-ДПМНЕ |