|
||||
Погледнете како Заев лаже кога го продава идентитетот |
Фејсбук статус на Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ(Видео)На 28.11.2020 Зоран Заев изјави дека македонскиот јазик и македонскиот идентитет не се на маса за преговори. Тој повторно во стилот на своето колнење рече дека никаде во светот не се преговара за идентитет и за свој мајчин јазик. Дополнително тврдеше дека Бугарија ја признава реалноста за македонскиот јазик и македонскиот идентитет. Заев рекол, Заев порекол. Не помина ниту една недела, а Заев го демантираше Драги Георгиевски од Комисијата за историски факти помеѓу Бугарија и Македонија. Тој на 4.12.2020 потенцира дека од бугарска страна употребата на придавката „македонски“ е лимитирана целосно, без разлика како тоа е запишано во договорот кој го потпишал Заев, и без разлика како се толкува договорот од наша страна. Требаше да помине само една недела за лагата на Заев да се делигитимира. Заев преговарал за идентитетот и тоа е факт. Само еден ден потоа на 5.12.2020 Зоран Заев лично кажа дека придавката македонски му е веќе ПРОДАДЕНА! Заев кажа: - Кога зборувате за македонските учебници, кога зборувате за македонската историја, кога зборувате за Македонски Брод… инсистираат да биде историјата на Република Македонија… секаде така. Зоран Заев се откажа и го продаде сето а она што тврдеше дека е загарантирано. Заев ги продаде темелите на државата. Заев ја распродава Македонија. Оставка на Заев, слобода на народот! https://www.facebook.com/MickoskiHristijan/posts/1740001206175331 |