|
||||
Александар Пандов: Тежок е, многу е тежок животот во Македонија во последниве четри години со заевата хунта |
Александар Пандов: Тежок е, многу е тежок животот во Македонија во последниве четри години со заевата хунта Почнуваќи од 27 Април па до ден денешен бел ден не видовме. Прогон и тортура на неистомислениците, промена на име, бришење на историјата во Беломорска Македонија, бескрупулозна кражба и рекет, нефункционално образование и здравство, никакви домашни, а ни странски инвестиции! Меѓутоа до волку лоши 100 дена во низа, Македонија не памети во последниве 50 години! Станавме светски ,,лидери“ по смртност од корона во свет, официјално земјата ни е во рецесија со изгубени над 50.000 работни места и нови две милијарди долг, а образованието ни е реда ради. Заев не уверуваше дека сме Бугари до 44, а Македонци по таа година, преговарал за анекси и патокази, за да дошол и до точката да воопшто ја нема придавката македонски! Како црешка на тортата за 100 дена влада ни дојде и последното вето од ЕУ, кое за разлика од минатата година кога ни го испорачаа Франција и Холандија, а пред таа Грција, последново ни е од братската му на Заев Бугарија. Тоа што секако буди надеж во последниов период е будноста на народот, кој заедно со општествената и научна јавност, експерти, опозиција, па дури и членови на СДСМ се кренаа против Заев. Без нивно гласно противење и протести, Заев мртов ладен ќе си потпишеше што и да му имаа барано Бугарите. Оваа битка против овој предавник ја добивме, но војната сеуште не е! Спасот за Македонија е само еден, Оставка на Заев! #ДолуВлада |