Среда, 09 Декември 2020    PDF Печати Е-пошта
Манојил Мане Јаковлески: Да се сочува името Македонија
1Mane
 
Манојил Мане Јаковлески: Да се сочува името Македонија
 

Желбата за одмазда кај одредени челници на социјалдемократите кон македонскиот народ, е толку голема што сакаат да збришат сешто е македонско. Таа беше најавена уште во далечната 2010 година кога нивниот лидер се закани дека ќе јаде живи луѓе. Истиот, откако го даде името во спорот со Грција, денес тргува со Бугарија за историјата, јазикот и идентитетот на македонскиот народ. Во чекор го следат и видни членови на СДС кои најавуваат дека спомениците од Скопје 2014 година размислуваат да ги однесат на депонија во Ѓорче Петров.

Отстранувањето на спомениците на македонските дејци кои се бореле за осамостојувањето на Македонија и создавање на независна и суверена држава на македонскиот народ, од времето на преродбата, Разловечкото, Кресненското (Македонско) и Илинденското востание, како и од Народноослободителната борба, изградени со средствата на македонските даночници, преставува чин на бришење на колективната меморија на еден народ и акт на велепредавство,  за кој еден ден некој дебело ќе одговара.

Во 2018 година, споменикот на Андон Јанев Ќосето, кој беше поставен со проектот Скопје 2014 година, беше отстранет од пред Врховниот суд. Отстранувањето на споменикот на Ќосето, беше само знак дека петтоколонашите продолжуваат со суспендирањето на Уставот и Законите, како и на бришење на секакво право на македонскиот народ. Односно присилно терање на Македонците да се откажат од сопствена историја и својот идентитет. Чин  равен на предавство и жален за нашата историја.

Остранувањето на спомениците од страна на чениците на СДСМ, на што се противи мнозинството на македонскиот народ предводен од ВМРО ДПМНЕ, би бил последниот чин на бришење на историјата на Македонците, што би ги ослабнал и би ги направил немоќни да ја постигнат заветната цел – обединување на Македонците во Европската унија. Тоа само ќе  доведе до уште една македонска трагедија на взаемно истребување, погубна за каузата кон која се стреми македонскиот народ.

Македонецот низ историјата добивал удари од секаде. Сме добивале удари и од лицемерната Европа. И денес кога повторно предаторите со своите крвави раце посегнаа по Македонија, Европа молчи. Таа ги заборава историските поуки, дека искрата на Балканот може да ја запали не само Европа, туку и светот.

За жал она што ни се случува е по наредба не само на Софија, Атина туку и на Брисел.  Сите тие имаат интереси на Балканот, а Македонија заради својата положба е пак јаболко на раздорот. Во овој случај Македонија, е повторно на удар на интересите на соседите и некои европски земји. Таа е повторно жртва и плаќа за нивните гревови.

Сепак за сето она што ни се случува самите сме најмногу виновни. Да не се предавниците лесно би се справиле. Но како и во минатото така и денес, тие се насекаде, во власта и ги распродаваат националните интереси. Инаку македонската историја е исполнета со бројни предавства. Самиот апостол на македонската борба Гоце Делчев ќе рече дека: „Јас не познавам друг народ кој повеќе страдал од предавствата на своите синови - изроди како македонскиот. Историјата не памети друг таков пример кога еден ист народ по традиција, јазик и вера се разделува на разни спротивни страни, една од друга потуѓа.“

Меѓутоа и покрај сите предавства, македонскиот народ успеал да опстане до денес. Никој не може да го уништи. Тој е вечен, библиски, а тие што го напуштија и го предадоа за сребреници, еден ден ќе одговараат за ВЕЛЕПРЕДАВСТВО и конфискација на целиот движен и недвижен имот..

Оттука во овој момент смисолот на живот на Македонецот е да опстане, да  го сочува името, корените, јазикот, историјата, идентитетот на македонскиот народ. Тоа е наша мисија, мисија на оваа генерација – да се спречат предавниците во разнебитувањето на македонскиот народ, да се сочуваат спомениците на македонските дејци, а на буништето на историјата да заминат од земјата преставниците на петтата колона предводена од некои челници на СДС.

Исто така, покрај пандемијата цел на оваа генерација е да се создаваат семејства и поколенија достојни да го сочуваат името Македонија.  

 

На прво место

News image

Не го прави тоа што несакаш тебе да ти го направат!

Унија на Ветерани на ВМРО-ДПМНЕ Остро го осудува вандалското однесување на мала група хулигани ког...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.