Сабота, 12 Декември 2020    PDF Печати Е-пошта
Заев се колнеше во жиците и во најмилото, па потоа излажа

2a

Предавничките политики на Заев не може да ги испере ниту една прес конференција на Кузеска, макар излегла и облечена како Сирма Војвода

СДСМ се во очај. Како расте нервозата, така и лагите во прес конференции им зачестуваат. Лажниот патриотизам не може да ги испере сите предавнички политики на Заев. Богданка Кузевска и како Сирма војвода да излезе на прес конференција и уште 100 пати да каже Мицкоски е крив нема да може да ги покрие анационалните изјави на Заев.

Факт е дека Заев пред недела дена говореше дека е блиску до договор со Бугарија во услови кога официјална Софија испраќаше негаторски барања.

Факт дека Заев изјавуваше дека Македонците и Бугарите се ист народ кој нема само споделена, туку заедничка историја.

Факт е дека Заев ги омаловажи и македонските партизани и антифашистичката борба на македонскиот народ, говорејќи дека овде во втората светска војна Бугарија била администратор и дека ги ослободувале Куманово, Крива паланка и Скопје.

Факт е дека Заев велеше дека Гоце Делчев не се борел само за Македонија, потврдувајќи ги позициите на бугарските историчари.

Факт е дека Заев вршеше притисок врз историската комисија да ги прифати барањата на бугарската страна, во кои видовме дека придавката „македонски“ се бараше да се изостави.

ФАКТ Е ДЕКА ЗАЕВ ВЕЛЕШЕ ДЕКА ГОВОРОТ ВО СТРУМИЦА ИЛИ ПЕТРИЧ БИЛ ИСТ И ЈА ПОСТАВИ ДИЛЕМАТА ДАЛИ Е ТОЈ МОЖЕБИ БУГАРСКИ ЈАЗИК.

Факт е дека Заев се колнеше во жиците и во најмилото, па потоа излажа.

Единствено кое кај Заев е константа е дека СДСМ не се патриотска партија и не им приличи да бидат патриоти кои ќе стојат зад македонските национални и државни интереси.

Тоа што Заев неуспеа во своето пазарење е поради силната реакција и спротивставување на народот, опозицијата, МАНУ, УКИМ, историчарите и лингвистите, па и членовите на СДСМ кои му се спротивставија. Заев остана изолиран и затоа сега е овој изблик на лажен патриотизам во надеж да се спаси колку може да се спаси. Ама овие обиди на СДСМ се очајни и неуспешни. Народот порача ОСТАВКА НА ЗАЕВ, СЛОБОДА НА МАКЕДОНИЈА.

ВМРО-ДПМНЕ

 

 

На прво место

News image

Не го прави тоа што несакаш тебе да ти го направат!

Унија на Ветерани на ВМРО-ДПМНЕ Остро го осудува вандалското однесување на мала група хулигани ког...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.