|
||||
ОМД повикува на акција, а не зборови на Денот на човековите права |
Обединетата македонска дијаспора ги повикаа глобалните влади да го признаат правото на самоопределување на сите Македонци. Коментарите доаѓаат откако владата на Бугарија ги блокираше пристапните преговори за членство на Македонија во Европската унија. ОМД постојано ги повикува владите ширум светот да ги почитуваат основните човекови права на Македонците за да бидат третирани еднакво од соседите и од меѓународната заедница. Владите на Грција и Бугарија постојано повикуваат Македонците да го загубат својот јазик и историја во замена за членство во НАТО и ЕУ. Според Универзалната декларација за човекови права, Повелбата на Обединетите нации и Повелбата за основните права на Европската унија, дискриминацијата во која било форма е забранета. Самоопределувањето е заштитено право, како и правото на слобода на изразување и самото право на постоење без закани. Човековите права ја надминуваат реалната политика и политиката на поплаки, и треба да се направат глобални напори за да се повика нетолеранцијата и напорите на понижување на Македонците заради нивното име, народност, религија и историја. Стојан Николов, претседавач на Бордот на Директори на ОМД, рече: „Жал ми е да кажам дека Денот на човековите права е малку пријатно клише. Тоа е нешто за кое многумина кимат со глава, но ретко преземаат активности за поддршка на оние кои имаат најголема потреба, и којшто не ги уживат тие основни човекови права. „ОМД продолжува да ги повикува владите ширум светот да го поддржуваат македонскиот народ, а не македонската влада што самата не ги почитуваше правата на својот народ, и го принуди на присилна промена на името на својата држава.” „Ги повикуваме сите невладини организации, политичари, организации за човекови права и сите агенции за следење на изборите, да се соберат и да престанат со искоренувањето на македонскиот јазик и идентитет.” „ОМД работи со засегнати политички субјекти, медиумски агенции, невладини организации и наши членови за да ги заштити правата на Македонците. Потребна ни е вашата поддршка за да ја продолжиме оваа борба во 2021 година.” „Ако сте посветени на поддршката на Денот на човековите права, поддржете ја ОМД за да ги повикате другите неправди со кои се соочуваат Македонците ширум светот.” |