Среда, 16 Декември 2020    PDF Печати Е-пошта
Марија Емилија Кукубајска: БАКТРИСКО-БУГАРСКИ ДЕЦА - предци на Македонците?!

111marijaМарија Емилија Кукубајска

На 23 јуни 2011 година во бугарскиот електронски медиј Mediapool, спонсориран и од Соросовиот Институт за отворено општество во Софија, е објавен коментар по повод печатење на книгата „Бугарите и Александар Македонски“ од бугарскиот историчар Божидар Димитров (1945-2018).

1marijaaleks

Во него Димитров манипулира со одредени факти и ги претставува како бугарска вистина: дека и авганистанско-персиските Бактријци се дел од Бугарски држави од 4 век п.н.е. и дека тие бактриски Бугари постанале Македонци преку Александар Македонски. Тој пишува дека на почеток тие биле непријатели на царот Александар, но кога ги победил, нивните жени ги омажил со 10.000 македонски војници. Меѓутоа, научната вистина е поинаква и од овој панбугарски хегемонизам. Се знае дека тие невести, како и Роксана од Оксија, биле од персиски и авганистански кралства, не од бугарски, ниту од Тракијски (Одрисиан, 5 в. п.н.е).  Бактрија е дел од денешен Авганисатн, Узбекистан, Таџикистан, а во 4 век п. н.е., била и дел од Персија.

Во своите импровизации на тема Македонците се побугарчиле уште од времето на Александар Македонски, Божидар Димитров пишува дека децата изродени тогаш од Бугарските жени Бактријки и Македонските војници на тие територии, 10 века подоцна го освоиле Балканот за да си ги земат териториите на своите претци од војниците на Александар. Тоа го постигнале преку походите на нивните азиски ханови Аспарух и Кубер.

Божидар Димитров го тврди апсурдот: „Бугарите всушност се враќаат во прататковинската земја по линија на војската на Александар Македонски“ како нивни бугарски цар. Да докажат некаков си хибриден Бу-Ма Бугарско-Македонски, народ? Овој ироничен нонсенс може да и’ служи и на грчката анти-македонска политика, и на други соседни или евро-светски агенди, но не и на науката и реалноста.

Денес, 2020 година, македонскиот народ поставува објективно прашање: пред девет години кога се објави оваа книга на Димитров, беа ли убедени во овој став некои „учени“ од Република Македонија и некои македонисти и историчари од МАНУ? Каде беа сериозните и одговорни истражувањата и деманти на оваа и на други анти-македонски пропаганди? Беа ли презафатени со инквизиција против македонскиот идентитет, или против „антиквизација“ - етикета залепена од Сорос и пост-историските идеологии на глобалистите?! И тогаш постоеја огромен број антички, средновековни и современи документи за посебноста на Македонија како нација и јазик, за одбрана од бугарски, грчки и други политичко-партиски манипулации и ненаучни шпекулации.

Каде беа историчарите и јазичарите во Македонија

Од кого им беше индуцирана идеолошка хибернација за да постанат неми слуги и да не ја исполнуваат својата основна и врвна улога и задача на истражувачи на историските аргументи за својата татковина во тогаш „независна“ Македонија? Или и тогаш Македонија беше зависна. И тогаш тие можеа да проучат дека бугарите земале и јазик и вера од Македонците, не од Тракијците, Грците, ниту од Русите. Постојат историски документи и реални факти дека бугарските племиња од Азија го зборувале јазикот Котан Сака и кога ја приграбиле Македонија во 7от век н.е. На Булгарите им требало цели два века да одлучат да го прифатат и научат старословенскиот македонски јазик, да ја примат новата христијанска вера од Македонската нација и да се откажат од својата азиска политеистичка вера, Тангра. Паганската Тангра верува во црни магии, анимизам и контакти со демонски духови во неживата материја, нема систем на морални вредности за тоа што е добро за човекот, а ги управуваат мислите и делата на луѓето.

Каде беше интелектуалната чесност и храброст на некои македонски „учени“ да ги бранат и чистат од фалсификувани наслаги доказитете за посебноста на Македонскиот идентитет? Каде беше посветеноста да се разјаснува наметнуваната конфузија среде дифузни пролиферативни пропаганди и денационализирања на Македонската нација сместена во срцето на полуостровот?   Кој забрануваше сестрано да се проучува и афирмира историјата на македонската култура и цивилизација, идентитет и јазик во контекст на околните народи, племиња, староседелци, или доселеници? Со што беа зафатени, или потплатени, уценети, или современо вазализирани - „научниците“ од Република Македонија? Со сегашните надворешни непријатели во добрососедски кожи, со внатрешните анти-македонисти, или со нивните заеднички слугувања на некого зад кого се криеле „некои големи сили“?

Ако се дозволува денес

Ако во 2020 година, и во време на ковид пандемија, некои надворешни и внатрешни фактори дозволува да се шири големобугарска, големогрчка, големоалбанска хегемонија во геостратешки интереси на „Новиот светски поредок“ на Балканот, тогаш како се очекува да се постават тие големи светски сили кон народи и држави кои би се однесувале како наведената бактриско-бугарска оправданост за современо присвојување на Македонија денес?!

Ако е возможно да се присвојат народи и територии по основа на бугарската Бактриска, или Сан Стефанска пропаганда, тогаш и Мексико и средна и јужна Америка би барале денес да си ја присвојат Шпанија и Португалија поради нивните потомци-прародители во Латинска Америка.  

Спрема таа бугарска грандоманска и шовинистичка фантазија, и Велика Британија може да ја бара Италија за своја територија бидејќи и Рим ја освоил Британија од времето на Цезар, 55 п.н.е. и ја владеел до  410 година н.е. при што оставил свои деца, потомци. Така и Турција би можела да бара делови од Грција, или Бугарија. По таа ли основа и афро-американците бараат репарации од владата на САД, индоктринирани од агендата за Една светска влада? Затоа ли бившите колонизирани територии по светот денес се поттикнати од глобалистите да населуваат свои територии по други држави на некогашните нивни завојувачи. Спрема бугарските хипотези тоа би било назад кон иднината на своите деца намножени за освојување и на ненивна земја.

Азиските бугарски племиња не признаваат дека биле покорени од никого, туку биле постојани освојувачи, кои се нарекувале себе си ослободители. Иако колеле, палеле, беселе, силувале, ограбувале, уценувале, поткупувале се’ што ќе „ослободат“ ако тоа не се приклучело на нивните походи. Треба ли Бугарија постојано да биде потсетувана со прашањето: ако бугарите потекнуваат од истите братски туркомански племиња, зошто бугарската политика протерувала од Бугарија турско малцинство останато од Отоманската империја, и го присилувала да ја менува својата Исламска вера, ако бугарската власт пропагирала толерантна историја на разликите?!

Другата „историја на проблемот“

Сепак останува другата „историја на проблемот“ на бугаризација на македонската историја. Таа треба да се бара и кај историчарите, културолозите, лингвистите и секако политичарите во Република Македонија, и пред и после вакви „лажни науки“ како на Божидар Димитров и неговите анти-македонски истомисленици? Зошто од Втората светска војна до 21от век во Република Македонија учените не се ослободија, охрабрија и образуваа себе си, да ја истражуваат и докажуваат македонската историја во контекст на светската, и да го бранат идентитетот на својот македонски народ среде сложените пропаганди против Македонската држава, која како и други држави по Втората светска војна се формираше во новиот систем на независни држави со автентични народи и култури признаени во меѓународната политика!?

Денес, виртуелната реалност инсталирана од Вештачката интелигенција, AI, може да пропагира дека ПРЕсоздава нова реалност. Но, дали и вештачката интелигенција (ќе) не е новото оружје на светската влада за ново владеење со свеста, и држење до нејзиното сопствено право на освојување, бришење, уништување на држави и територии, народи и поединци!? Дојде ли времето секој секого „да може да го има за свој“ со тоа што добил моќ, пари, и право – врз основа на стекнување граѓанство во одредена владеачка унија, да постане зависник од проектираната нова, општа и заедничка империја, како некогашното царство на Рим!? Се прашуваат и реалните и пост-реалните мислители на светот, и оние кои новодобски веруваат во интергалактички Анунаки створови од нивната планета Нибиру, но и оние кои ортодоксно веруваат во Бог Исус Христос.

Одредени теоретичари теисти сметаат дека прапочетокот на цивилизациите се генерира од една иста генеалогија, но дека разликите во генетиката низ милениуми - последователно се дефинирани и диференцирани од Создавачот на животот на Земјата, Богот на универзумот. Тоа денес и научно се потврдува во ДНК анализите и трагите на маркери во наследните фактори. Други ја бранат тезата дека и гените се манипулираат од човекот како и разликите во политики, идеологии, религии, родителствата, разлики меѓу родот на маж и жена, или меѓу педофилот и искрената љубов кон децата. За тие за кои не може да има вечен Бог во макро и микро универзумот, секој финансиски трилионер, и секој од него финансиран политичар или активист на глобалистичката агенда на пост-историчност и трансхуманизам, се смета за овоземно материјално божество.

Можеби, спрема книгата Бугарите и Александар Македонски, меѓу новите богови сакаат да се вклучат и бугарите од Бактрија кои претендираат да богуваат и попуваат со Македонија и Македонците низ сите овие 2,5 илјади години, од 4 век пред Христа, се’ до 21от век. Тоа е можеби нивниот бугарски балкански удел во глобалното спроведување на новото толкување, распределба и освојување на светот, промовирано и финансирано и од Сорос, дури и преку книга спонсорирана од него, четиво на комунистичка омраза против постоечкиот поредок во САД и светот: „Правила за радикалите“, 1971, од Саул Алински. Овој прирачник за насилни општествени и национални промени е издаден од Институтот Отворено Општество, 2014 година во Скопје. И оваа мала книга за големите промени во светот е едно од омилените четива на борците за нов светски поредок, и инспирација за Хилари Клинтон, Обама и финансиерите на нивните агенди за новиот свет, свет на сега пребогатите нови комунисти, глобалисти, тие кои елитно се сместуваат во кукавичји гнезда среде идеолошки, и биолошки, пандемии создавани од нив. И, напаѓаат, и мразат, но со насмевка.

.....................

Д-р Марија Емилија Кукубајска, професор по историја на Англо-американска култура, цивилизација и литература, УГД. Македонски писател, поет, антологичар, драматург, фолклорист, основач на правците „Екологија на душата“ и Арт-По (синхрона уметност на сликата и зборот).    

 

На прво место

News image

Не го прави тоа што несакаш тебе да ти го направат!

Унија на Ветерани на ВМРО-ДПМНЕ Остро го осудува вандалското однесување на мала група хулигани ког...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.