|
||||
Мицкоски: Ако се преговара за јазикот, прекројување на историјата, македонскиот идентитет, договорот за добрососедство не важи |
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вчера на Алсат М телевизија посочи дека ако било кој дебатира или преговара за македонскиот јазик, прекројување или ретуширање на историјата, македонскиот идентитет договорот за добрососедство не призведува правнообврзувачко дејство. Ако е ставот на соседна Бугарија дека ние наеднаш од 1945 година сме се освестиле и сме се прогласиле за Македонци кои го кодифицирале својот јазик таа теза не може да ја поддржиме затоа што таа теза нема ниту историска, ниту било каква етнолошка атропологоја, ако нивната теза била дека тие биле тука администратори коишто дошле да не ослободат и идеолошки два дела на бугарскиот народ се спротивставиле во Втората Светска војна, тоа не можеме да го прифатиме затоа што тоа не е така, затоа што постои договор за капитулација со кој што Бугарија признава дека била на страната на фашистичкиот окупатор и била окупатор за кој постои договор дека ќе плаќа репарации на териториите кои ги окупирала, тоа не можеме да го негираме, ако тоа е нивната теза ние не можеме тоа да го прифатиме, објасни Мицкоски. Мицкоски истакна дека ако било кој отвори дебата за антропологија на македонскиот јазик, прекројување или ретуширање на историјата во однос на окупацијата на оваа држава, идентитетот на македонскиот народ, тука нема разговори, и се напушта договорот. Тој посочи во емисијата исто така дека циркуски и акробатски политики на меѓународен план не се водат како што е ваквиот дебакл во надворешната политика. |