Сабота, 19 Декември 2020    PDF Печати Е-пошта
Марија Емилија Кукубајска: СВ НИКОЛА И МАКЕДОНИЈА

3nikol Марија Емилија Кукубајска

Неповторен маченик и миленик Божји, Македонија те слави од пред да ја поробат маченици безбожни. Народот Македонски илјадници години помага и се моли, и за душмани грешни и за безбожни, празно-душни, непослушни ... Иако недостојните му се потсмеваат на народот мој, и се надеваат дека никој не може да им открие беда духовна и безумие и безвластие над жртвите.  

1nikol

Како и ти, од Бога Македонија е дарувана да дарува Божји дарови: да ја ослободува душата од зло, да и’ дава право на мислата да биде светлина на вистините од вселенски алгоритми на висините.

Нашите предци, праведнику Николај, и денес ни’ се двојно погубувани од неверници и нововерници. Единствен народ имам, осамен во обрач од ненаситни лути глутници, грабливи птици и пци со многу глави. А од Бог сум одбрана да давам храна од култура, и агрикултура...  

По смртта на родителите вековно верни, дозволив: оние што немаат да земаат, зашто знаев дека се’ од Бога е дадено, и Негово останува. Но, видов, и без ред и без мир и без Бог, и во лажно име на Бога – грабаа, крадеа од минато и од сегашност на моите наследства, од рацете и мислата наша создавани. Со срце на челото разбирав: нека земаат, и јас ќе им давам: и писменост и манастири - да огреат душа против нивната суша од незнаење, од зло без каење, од дивеење... 

Милостивата природа на моето битие остана без се’ што беше мое. Остана Македонија сама, и без своја земја, и без никој да ја спасува од глад и лаги и нови кражби. Но сепак, Македонија остана -  ДА Е, своја, и на Семоќниот, Сезнајниот Творец на сите светови, видливи и невидливи.

Доаѓа глас, секогаш доаѓа Божји спас, како на тебе, Св. Никола, што ти се кажа: „Појди на подвиг меѓу народот, ако сакаш од мене да бидеш овенчан“. Македонија од Бог е признаена прво, и од Обединетите и од разединетите нации, и за време на тирани и за време на мироносци. Сеуште имаме како тебе - верници во Божје добродетелство, милосрдие, мудрост, мирољубивост, и моќ на љубовта кон заробениот и кон ослободениот, кон деца грабнати но спасени, пренесени од Св. Никола до родителите, кон деца среќни и благодарни во својата радост во светот на Спасителот.  

И Диоклецијан, и Триоклецијан и Мултиклецијанови максимални злостори – нас не’ прогонуваа и во и вон нашата земја да бидеме во концентрациони логори, во г(н)асни комори да ни’ задушат правда, и порака да не смее да се пише, да се испрати по гулаби на слобода на говорот, печатот.

Но сеуште има милиони народ со кого иста верба не’ води, преку води светски, преку земји на нашите предци, преку потомци освестени за милениумски оттуѓувани, криени и виени лаги и кражби на Божји и човекови благодети.

И се чини не се трпи, и не се издржува последното предавство што ни’ спржува и земја и народ, прогонуван, затваран, како и ти, заштитнику Николај. А кога креваме глас против новите еретици - НеАрните Аријци оѕверено удараат по Македонија со лажно важни документации и незаконски, надзаконски фабрикации. Но, како и на тебе, Светецу дарителу, ќе им се јави на новите архиереи и Самиот Господ Христос и мајката Божја, да ни’ ја благослови земјата, Македонија.

Носител на вистината и правдата во време на општата лага, Македонија продолжува, иако се чини дека е проколнат верник во својот ген и во својот ден на трајно постоење. Народот наш останува траен, мирољубив заштитник на обесправените, осиромашените, погубените. Народот македонски е хранител и бранител на своите предци и на синовите од полиња на смртта, од подли поделби и од пакосни погребувања на минатото, од абортирање на сегашноста... Македонците сме спасители на своите, иако и несебични дарители и на несвоите. Знак Божји е тоа. Зрак на светоста.

Од блиску и од далеку се јавуваше да спасуваш, Св. Никола. Да помагаш со подароци изработени од правда, озрачени со утеха и мир, раскрилени со добра волја и среде најголеми злочинители.

Страдаме, но сеуште сме неисцрпно плодни и со раце и со ум, и по море и по друм да носиме вечни вистини и чудотворни вести за спас на верниците во правдата и на земја и на небо. Како и ти, дарителе и заштитнику на обесправените. Во име на Спасителот наш, Господ Исус Христос.

2nikol

Катедралната црква Св. Никола, во градот Штип, подигната 1867 година, на место на старата Сифиева црква од 1341 година. Св. Никола е заштитник на Штип, центарот на источна Македонија.

Но, кој можеше да заштити  од ограбување повеќе од 15 сакрални објекти од цркви и манастири во околината на Штип, 2019 година?!

 

На прво место

News image

Не го прави тоа што несакаш тебе да ти го направат!

Унија на Ветерани на ВМРО-ДПМНЕ Остро го осудува вандалското однесување на мала група хулигани ког...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.