Петок, 25 Декември 2020    PDF Печати Е-пошта
Страшо Ангеловски: Се возобновува ли Отоманската империја?

Немајќи доволно сила, ниту брзина за да ги следам и запишувам секојдневните глупости, некадарности, но и смислени антимакедонски потези на Владата на Заев, а свесен дека околу нас се случуваат тектонски поместувања на геополитичката карта, кои власта, под мотото „НАТО ќе не брани, ЕУ ќе не храни“, не ги ни регистрира, а кои уште како ќе влијаат и на иднината на Република Македонија, денешниов текст го посветувам на случувањата во нашето најблиско соседство, на Турција.
 

Го пишувам текстов, осврнувајќи се на Блискиот исток, бидејќи тамошните интервенции на тогашните европски големи сили, се идентични со интервенциите на Балканот по завршувањето на Првата светска војна.

Основното прашање е дали преку изградба на еден вид „муслиманска унија“ Анкара ќе успее да ја врати моќта од времето на Отоманската империја и дали тоа ќе се одрази на балканските држави, посебно на Македонија.

Имено, создавањето на геополитички вакуум во Северна Африка и на Блискиот исток, со погрешната политика на САД и западноевропските држави кон исламскиот свет, кого со децении го користеа во својата глобална пресметка со тогашниот СССР, а сега и против Русија и Кина, а јакнејќи го муслиманскиот екстремизам и радикализам, се создаде недоверба кон Западот, но и кон радикалната политика на Саудиска Арабија како главен американски „подизведувач на работите“.

Истовремено, после американската (заедно со западноевропските сојузници) интервенција во Ирак и Либија, и исламските револуции и граѓански војни, како пожар подметнати од истиот центар, во Северна Африка и на Блискиот исток не остана неразурната држава, освен Турција.

Во контекст на ова, а на почетокот на практична изградба на еден вид муслиманска унија под турско водство, се поставува прашањето дали тоа се случува во корелација со американската надворешна политика. Факт е дека американската воена интервенција во Ирак и Либија и револуциите од “Арапската пролет“ како делови од истата агенда за создавања „Нов Блиски исток“, во суштина е уривање на стариот мировен и државоправен поредок настанат со договорите потпишани меѓу победниците и поразените, меѓу кои и Отоманската империја, после Првата светска војна.

Со мирот од Версај и подоцнежните договори, меѓу кои одлучувачки оној од Севр од 1920 година, на Турција и’ се одземени блискоисточните отомански поседи. Со Версајскиот договор, Отоманската империја е распарчена, а отоманските територии на Блискиот исток, со тајниот британско-француски договор од 1916 година, се поделени на зони на британска и француска доминација со формирани арапски државоправни ентитети, целосно зависни од Париз и Лондон. А, границите на тие нови држави, вклучително и Сирија и Ирак, како впрочем и границите на Балканот, се повлечени произволно, во склад со интересите на Париз и Лондон.

Денешното уривање на Ирак и Сирија, значи истовремено уривање на Версајскиот мировен поредок, со кој на Отоманската империја, односно Турција како негов правен наследник, и беа одземени блискоисточните територии. И, зошто доколку токму создавачите го уриваат, Турција, за која е неповолен, би го почитувала?

И не случајно, на турската надворешна политика најжестоко се спротивставува официјален Париз, кој со турското присуство во Либија и тоа на страната на признаената Влада во Триполи, е уплашен за нафтените извори кои после ликвидацијата на Гадафи преминаа во француски раце. И турското се’ поинтензивно присуство во Африка, посебно во Мали, кого Франција го смета за простор на ексклузивна француска постколонијална доминација за целосно користење на неговите суровини и енергенси, е пречка во француско-турските односи.

(Колку за информација – Франција поседува најбогати златни резерви од земјите на ЕУ, а нема ниту еден рудник за злато, додека Мали има над 500 рудници за злато, а нема ниту грам златни резерви).

Но, да се вратиме на турската надворешна политика.

Воените интервенции во Сирија и Либија, и посредно во Азербејџан, на Кавказ, се потези со кои Турција веќе излегува од рамките на она што се нарекува неоотоманизам, доктринарно дефинирано во книгата „Стратегиска длабочина“ од Ахмет Давутоглу, некогашниот министер за надворешни работи во Владата на Ердоган.

Па така, Анкара веќе го презеде од Египет и Саудиска Арабија водството кај најголемиот дел од муслиманскиот свет, посебно бидејќи не ги пребира сојузниците, туку истовремено се поврзува и со сунитите во Либија и со шиитите во Азербејџан.

Играјќи двојна игра со сите, користејќи ги спротивставеностите на најмоќните светски сили, Турција размести свои воени сили во Сирија и Либија, а сега и на Кавказ, во Азербејџан, што беше нејзина вековна цел. А, не смееме да заборавиме дека физичката присутност на теренот, во форма на распоред на воени сили, значи и потенцијал за целосна контрола на некој простор.

Така, наместо во книгата на Давутоглу зацртаните сфери на влијание кои требаше да се протегаат на Балканот, Кавказот и Блискиот исток, Анкара преминува во фаза на физичко присуство опфатено од „стратегиска длабочина“, со политички, воени и економски инструменти.

Секако, военото прекројување на Блискиот исток и Северна Африка преку револуциите на „Арапската пролет“ ја отвори вратата за реализација на турските геостратегиски цели, меѓу кои, не смееме да заборавиме, се наоѓа и Балканот. Кога кон ова ќе го додадеме и податокот дека  ги контролира и Босфорот и Дарданелите како единствен влез во Црното Море, а според Конвенцијата од Монтре од 1936 година, таа може овој теснец целосно да го затвори за државите со кои е во војна, работите стануваат уште подраматични.

Како исклучително важен сојузник во НАТО, како геополитички субјект со политички, воени, културолошки и верски атрибути на Отоманската империја и, со ефективна контрола на просторот кој ги поврзува Европа, Африка и Азија, вклучувајќи ги и стратегиските теснеци Босфор и Дарданели и Суецкиот канал, Турција би решила огромен дел од проблемите на американската блискоисточна стратегија и би го овозможила планираното пренесување на тежиштето на делување кон јужните делови на Русија, кон Иран, и конечно кон Кина. Затоа, турската реализација на „стратегиската длабочина“ добива премолчена поддршка од САД.

Од друга страна, Анкара ефективно ги контролира миграциските движења кон Европа, со што ја држи во раце Европската Унија и постојано изнудува отстапки во полза на својата долгорочна политика.

А, дел од нејзината долгорочна политика е и возобнова на отоманските вредности на Балканот.

Го пишувам ова за да го прочитаат оние кои се платени да размислуваат и работат на геостратегиската поставеност на Република Македонија. Се разбира доколку такви сериозни луѓе успеваат да виреат во оваа власт, наспроти хумористите и турбофолкерките како советници на премиерот.

Да не би да еден ден се разбудиме во едно поинакво геостратегиско опкружување, затекнати од она што се случува околу нас. Зашто, ниту НАТО ќе не брани, ниту ЕУ ќе не храни.

Автор: Страшо Ангеловски, претседател на МААК за НетПр

 

На прво место

News image

Не го прави тоа што несакаш тебе да ти го направат!

Унија на Ветерани на ВМРО-ДПМНЕ Остро го осудува вандалското однесување на мала група хулигани ког...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.