|
||||
Рашела Мизрахи: Дали ова е администрација или окупација?! |
Рашела Мизрахи
На оваа фотографија е целото мое потесно семејство, кое беше товарено во воз за Треблинка од бугарскиот фашистички окупатор. Преживеа само мојот дедо, јас сум негов наследник.
Господине Заев,
Дали стоите на ставот дека Бугарија била администратор на Македонија, а не фашистички окупатор, оти мојата фамилија не е отепана со пенкало?
Дали уште стоите на ставот дека бугарските војски ги ослободувале Крива Паланка, Куманово и Скопје?
Свесни ли сте дека со изјавата за БГНЕС дека Петрич и Струмица говорат на ист јазик, дали е бугарски или македонски, сте на иста линија со негаторските позиции на нашиот источен сосед во кои се негира постоењето на македонскиот јазик и негово сведување на норма на бугарскиот јазик?
Дали господине Заев зборувате на македонски или на бугарски јазик, и ако говорите на македонски јазик, ако струмичкиот дијалект е македонски дијалект, тогаш дали петричкиот дијалект е дијалект на македонскиот јазик?
|