Среда, 13 Јануари 2021    PDF Печати Е-пошта
Кој е помалку лош од лошите скопски градоначалници

Најновата анкета на институтот Сиа Виста отприлика го отсликува реалното расположение кај граѓаните на државно ниво, но истата анкета е многу чудна кога станува збор за скопските градоначалници.
 

Интересно е да се напомене дека двајцата градоначалници кои објективно донекаде со своите активности се издвојуваат од лошите градски таткоци се Петре Шилегов и Борче Георгиевски од Гази Баба. Објективно градоначалниците кои се трудат повеќе од останатите да сторат нешто за своите сограѓани се со најлоши рејтинзи. За Петре Шилегов и Борче Георгиевски негативното мислење е доминантно кај граѓаните со 70%.
Водач на групата неспособни е Златко Марин со 75% негативно мислење, потоа следуваат Александар Наумовски од Ѓорче Петров и Велимир Смилевски од Бутел.

Чуденката да биде поголема е фактот дека најпозитивно мислење е дека граѓаните имаат за Саша Богдановиќ 59% и Стефан Богоев со 50%. Да не е смешно би било трагично. Неработниците се на чело од оваа неспособна група, а тие што малку мрдаат и имаат некој резултат ја држат позадината.

Објективно гледано најнеактивни градоначалници се токму Стефан Богоев и Саша Богдановиќ. Да Ве прашам можеме ли да издвоиме некој нивни проект? Богдановиќ се истакна со циркузот за неговата свадба, а пак Богоев предничеше во дружбата и аферата со Боки 13. За жал Боки 13 поднесе повеќе кривични пријави меѓу кои и на Богоев, но до ден денес “независното” обвинителство ни ал ни абер. Веројатно обвинителите се претпазливи да не му го нарушат кревкиот рејтинг на Богоев, затоа што скоро 46% од граѓаните се истакнале дека имаат негативно мислење за неговото работење. Тоа отприлика се вика пола пола. Досега Богоев не направи ништо, скриен е како глувченце мало во дупка, сади по некое дрвце, некои велат дека по малку шмрка (од настинка нормално).

Сепак клучното прашање со кое се отвара страшна дилема е следнаво: Дали некои негови другари во негово име рекетираат? Дали тие се претходница? Дали одат напред и ја собираат авантата, предвреме, а тој утредентата плаќа? Дали веќе на оваа организирана група и дале и кодно име ИНКАСАТОРИ?

Инаку би било добро овој млад карпошовски градоначалник да објасни каде ги потроши до сега добиените 25 милиони евра. Ова е голема сума на пари инкасирана во Општинската каса од 2017 година до ден денес. Би било добро Стефанчо да каже со овие 25 милиони евра колку метри должни (не километри, туку метри должни) направи канализации, колку метри водоводи, колку постави нови сијалици, колку метри има нови подземни инсталации, колку метри квадратни асфалт, тротоари, фасади, колку кровови за овие 3.5 години замени, колку лифтови обнови, колку го поддржа спортот и културата. Некогаш Карпошово лето траеше 20 дена, а сега само бедни 3 дена. Со колку европски општини се збратими, каде се базените за пливање, студентските домови, досега колку пати ја најавуваше реконструкцијата на Спортската сала Партизан во Карпош 4, каде е паркот покрај Вардар во делот на Илинденска на потег Карпош 4 и Карпош 3, кој за жал го чекаме 3,5 години. Наместо парк имаме невидена еколошка афера.

За трииполгодишното неработење интересно е што против Стефан Богоев досега никој не оддржа ниедна прес конференција, нема протести за неработењето, веројатно на Карпошовци се им е тамам од претходното раководство. Објективно Општина Карпош нема инфраструктурни проблеми благодарение на претходниот градоначалник Стевчо Јакимовски.

Но, што се случуваше тогаш? СДСМ организираше протести, ја блокираа раскрсницата кај Сити Мол, правеа протесни маршови, организираа референдум, и држеа пресови катадневно. Значи работењето е заменето со неработење, проектите со немање проекти, Карпош од Општина со идеи стана Општина без идеи.

Општината од донатор се претвори во општина да биде спонзорирана или ако сакате Спонзоруша, од отворена за граѓаните во целосно затворена. Општина Карпош од најнаградувана општина се претвори во најизгубена. За ова градоначалникот Стефан Богоев е частен од неговите сограѓани со 50 % позитивно мислње.

Шегата на страна од денешните скопски градоначалници за жал неможеме да кажеме кој е најдобар туку да кажеме кој е помалку лош. Треагедија! Какво е расположенито на граѓаните во општината такво е и мислењето за градоначалникот без разлика дали работи или не работи. Ако имаме про ВМРО расположение тогаш мислењет е над 70% негативно за градоначалникот, како што е во Ѓорче Петров, Кисела Вода, Бутел, Аеодром, Гази Баба и Скопје,а ако е про СДСМ тогаш имаме позитивно мислење како во Центар и Карпош. Ова јасно укажува на невидената партиска определеност и поделеност, па дури и слепило кај гласачкото тело. Дали е некој добар или лош оценката се формира по принципот: туѓото лајно мисриса, ама моето не.

П.С. Стефан Богоев му препорачувам да си ја слуша „Смокот се мота околу твојта слива“, братче.

Автор: Виктор Грозданов за Нет

 

На прво место

News image

Не го прави тоа што несакаш тебе да ти го направат!

Унија на Ветерани на ВМРО-ДПМНЕ Остро го осудува вандалското однесување на мала група хулигани ког...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.